КАТАР – ЧЕТИРИ СРЕДБИ: Денеска завршува првото коло на Мундијалот, уживање на денот е дуелот меѓу Србија и Бразил

Со натпреварите во групите Г и Х денеска завршува првото коло на Светското првенство во Катар, а дефинитивно најинтересен е оној меѓу Србија и Бразил со кој ќе биде затворена оваа рунда.
Првиот натпревар на денот во 11. часот на стадионот „Ал Џануб“ во Ал Вакра е меѓу Швајцарија и Камерун во групата Г. Швајцарците се благи фаворити на овој меч, а Камерунците се надеваат дека ќе направат сензација како Саудиска Арабија и Јапонија претходните денови. Швајцарците најголемите надежи ќе ги полагаат во триото Џака-Шаќири-Емболо и доколку одиграат на вообичаеното ниво, победата не би требало да биде доведена во прашање.
По тој натпревар ќе се одиграат два меча во групата Х. Најпрво од 14. часот се среќаваат Уругвај и Јужна Кореја на стадионот „Едукациски град“ во Ал Рајан.
Уругвај на овој шампионат ќе се потпре и на ветераните како Луис Суарез и Диего Годин, додека под знак прашалник е настапот на Единсон Кавани. Сепак, тоа нема да биде проблем за уругвајскиот напад бидејќи покрај Суарез во нападот ќе игра Дарвин Нуњез.

Сепак, од друга страна, голем удар за азиската селекција ќе биде евентуалното отсуство на Хеунг-Мин Сон. Одличниот напаѓач на Тотенхем се уште има проблем со очите и ќе видиме дали ќе ризикува и ќе заигра денеска.
Во 17:00 часот Португалија и Гана ќе излезат на теренот на стадионот 974 во Доха. Португалците се апсолутни фаворити на овој меч и се освен победа на Кристијано Роналдо и друштвото ќе биде голема сензација. Токму Роналдо ќе биде во центарот на вниманието поради драмата што се одвиваше во претходните денови, која кулминираше со неговото исфрлање од Манчестер Јунајтед, но и барањето големи рекорди. Имено, доколку Роналдо се запише во листата на најдобри стрелци, тој ќе стане единствениот играч во историјата кој постигнал гол на дури пет светски првенства.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Со првото коло се затвора натпреварот од групата Г помеѓу Бразил и Србија на стадионот „Лусаил иконик“ во Лусаил, кој воедно е и најинтересниот натпревар на денот. Според светските обложувалници Бразилците се најголеми фаворити за освојување на титулата, па затоа се и фаворити во овој дуел.
И покрај тоа, Србија под водство на Драган Стојковиќ никому не ја препушта улогата на фаворит пред натпреварот, па сигурно не очекува многу интересен дуел.
Повредата на Александар Митровиќ му создава главоболки на легендарниот Пикси, а во нападот вечерва најверојатно од првата минута ќе игра Душан Влаховиќ, а зад него ќе играат Душан Тадиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Во редовите на Бразил под знак прашалник се само настапите на Маркињос и Антони.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Football Association of Serbia (@fudbalskisavezsrbije)

Распоред:

11:00 Швајцарија – Камерун

14:00 Уругвај – Јужна Кореја

17:00 Португалија – Гана

20:00 Бразил – Србија

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …