(ВИДЕО) Поминаа 31. година од смртта на легендарниот пејач Фреди Меркјури, фронтменот на групата „Квин“

Денеска се навршуваат 31. година од смртта на легендарниот пејач Фреди Меркјури. Тој е најзаслужен за светската популарност на рок групата „Квин“.
Фреди е роден во државата Занзибар, под името Фарок Булсара. Танзанија постхумно му додели награда за личност која од Танзанија отиде во светот и постигна многу.
Фреди посетувал англиско училиште во Индија, каде што земал и часови по пијано. Во истото училиште го добил името Фреди, кое го прифатило и неговото семејство.


Во Велика Британија дошол на 18 години и го посетувал факултетот за арт и графички дизајн, што ќе се забележи во кариерата на групата „Квин“ на кориците на албумите, а понекогаш и на гардеробата на бендот. Фреди го создаде и познатото лого на групата. Во Англија ги запознал Роџер Тејлор и Брајан Меј, кои заедно со Тим Стафел свиреле во Smile.
Не долго после тоа, Стафел го напушта бендот и на негово место доаѓа Фреди. Со доаѓањето на Фреди, концептот и изгледот на групата значително се променија, а Меркјури беше тој кој и даде ново име на групата. Малку подоцна, по неколку неуспешни басисти, со доаѓањето на Џон Дикон во 1971 година, конечно е основан еден од најпознатите бендови во светот – Queen.


Фреди е познат по своите енергични сценски изведби и исклучителен вокален талент. Неговиот глас е еден од најпрепознатливите во музичкиот свет. Групата Queen е формирана во седумдесеттите години на минатиот век и објави апсолутни хитови кои се слушаат и денес. Некои од нив се: „Bohemian Rhapsody“, „Don’t Stop Me Now“, „The Show Must Go On“, „I Want To Break Free“ и други.
Тој почина од СИДА на денешен ден во 1991. година, нешто повеќе од 24 часа откако на јавноста и соопшти дека е болен.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Потпретседателка која зборува четири јазици: Светот продолжува да коментира за наводната нова девојка на Бред Пит – „Мојот нов дечко“

Иако беше во брак со актерот Пол Весли, јавноста се заинтересира за атрактивната Инес де …