(ВИДЕО) Бизарна приказна од TikTok: „Добив пакет од баба ми која почина пред 2 години…“

„Мајка ми немаше поим за пакетот, но штом го виде го препозна ракописот на баба“, раскажува и вели дека работите да бидат уште побизарни, нејзината сестра и братучетка добиле идентични пакети, со иста содржина внатре.
Кога поштарот и донел пакет пред неколку дена, инфлуенсерката Џен Хамилтон била шокирана кога сфатила дека пакетот доаѓа од нејзината баба која починала пред речиси две години… На нејзиниот профил на TikTok, таа споделила видео на кое го отвора подарокот на нејзината „баба“, а нејзиното видео брзо стана вирално со речиси шест милиони прегледи.

Во пакетот Хамилтон пронашла фотографија од нејзините баба и дедо, кој исто така починал, и чек од 250 долари. Најпрво, вели таа, мислела дека можеби баба и пратила пакет одамна кој некако стигнал до неа дури сега, но пакетот бил испратен од адресата на баба и пред неколку дена, на 16. ноември. „Немаше ниту писмо, ниту некаков контекст, ништо…“, објаснува збунетата Хамилтон и ја покажува адресата на која живеела бабата означена како „адреса на испраќачот“.


@_jen_hamilton_

♬ original sound – Jen Hamilton


„Мајка ми немаше поим за пакетот, но штом го виде, го препозна ракописот на баба“, додала Хамилтон во следното видео, каде што кажува и дека за да работите бидат уште побизарни, нејзината сестра и братучетка добиле идентични пакети, со истата содржина внатре.
– За овие празници ќе ги потрошам тие пари како што би сакала баба ми!- заклучила таа.
„Ретко се случува членовите на семејството да не се скржави и после смртта…“, се пошегувал еден следбеник, пренесува NY Times.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …