(ВИДЕО+ФОТО) „ДНК“ со новата тема „Романи“ го најавува јубилејниот концерт на 3. декември

Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи… вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи”, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет”.

„’Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет”, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј”, велат Панчо и Андреј.


Круна на славењето ќе биде големиот концерт закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски”, кога двоецот заедно со сите свои фанови од сите генерации ќе го одбележи убавиот јубилеј.

Темата „Романи” е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ”, „Ромео и Јулија”, „Ние”, „Македонија на Европско”…


Инаку, видеото за „Романи” е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески, а со поддршка на Fibula Travel и Kirman Calyptus. Во кадрите, кои ја следат приказната од текстот, освен Панчо и Андреј се појавува и моделот Ана Парлапанова.

Уживајте во новата тема на ДНК:


Фото: Приватна архива/ДНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ/ВИДЕО) МАКЕДОНСКИ КОЛАЧ: Сочен десерт кој се топи во уста

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за …