BtoBet ја продолжува поддршката на македонскиот спорт

BtoBetпродолжува да го поддржува македонскиот спорт. Во текот на 2022 година, компанијата реализираше донации на вкупно три спортски клубови и две индивидуални спортистки во различни спортски дисциплини.

Еден од поддржаните клубови е „Тенис Парк Поинтер“, кој е еден од најголемите и најуспешни клубови за професионални и аматерски тениски играчи во земјава.
„Донираните средства од BtoBet ги наменивме за развој на детските тениски школи и унапредување на школите во јуниорските категории. Ги имаме едни од најдобрите и најталентирани млади тенисери кои континуирано бележат успеси, на што сме особено горди“, вели спортскиот директор на клубот, Цветан Војчески. Тој додава декапо двата успешно реализирани интернационални турнири, планот на клубот е да го продолжи развојот во оваа насока.


Поддршка доби и македонскиот стрелачки клуб „Стрелец“, под водство на Јордан Тасевски, кој е и претседател на Македонската Спортска Стрелачка федерација.

„Стрелачката федерација, како и државната репрезентација кадешто голем број стрелци се од СК„Стрелец“ има освоено три таканаречени Б-олимписки минимални норми за можно учество на Олимписките игри во Париз 2024. Во олимпискиот циклус кој ни претстои следната година е планирано учество на европското првенство во Естонија и трите Европски игри во Полска, кадешто стрелците ќе се борат за влез во финале и дополнителна борба за медал“, вели Тасевски, потенцирајќи дека Македонија навистина има квалитетни стрелци во повеќе стрелачки дисциплини.


Претседателот на едриличарскиот клуб „Снегар“Струга, Лазо Ѓоргоноски, истакнува дека донацијата од BtoBet помогна клубот да ја продолжи својата работа и да биде дел од домашни и меѓународни регати. Во однос на плановите за следната година, Ѓоргоноски вели дека ЕК „Снегар“ планира учество на повеќе регати во странство, меѓу кои во Србија, Црна Гора, Турција и традиционално затворање на сезоната на октомвриската регата во Дубровник, Хрватска.

Од индивидуалните спортови, поддржани спортистки за 2022 година се велосипедиската Дуња Иванова и атлетичарката Марија Стојановска.


Иванова, инаку дел од ВК „Енерџи Сајклинг“ вели дека од големо значење е секој придонес кој бизнис заедницата и државата го обезбедува за македонските спортисти.
„Среќна сум што можам да споделам дека покрај редовните домашни и меѓународни трки, клубот се подготвува за историски подвиг во текот на 2023 година, за кој поддршка е и повеќе од добредојдена“.Како дел од плановите за претстојната година на атлетичарката Марија Стојановска и АК „Делта“ кадешто таа е тренер е подготвката за Европското првенство во атлетика 2023.

Од BtoBet истакнуваат дека можноста да се обезбеди поддршка за спортот воопшто, но и за женскиот домашен спорт е нешто со кое компанијата особено се гордее. Реализираните донации се дел од општествено одговорните практики и активности кои компанијата редовно ги имплементира.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …