(ФОТО) Мајка открила суптилни симптоми кои довеле до дијагноза на дијабетес кај дете

МИНАТАТА пролет, двегодишната Лејла Хеншен испила многу вода. Нејзината мајка, Ешли Хеншен, на почетокот се запрашала дали нејзината ќерка е толку жедна поради жештината.
„Таа испиваше две чаши вода. Нејзините пелени беа постојано мокри. Ќе и ја сменивме пелената и за 30 минути беше полна. Имаше 22. месеци, па беше необично за неа да уринира толку многу“, изјавила Хеншен за Today.
Малото девојче било раздразливо и често јадело грицки во оставата. Родителите не биле сигурни дали тоа е нова развојна фаза или проблем. Си рекле дека „расте“, па ги игнорирале првите симптоми на болеста.
„Од другите слушате дека двегодишните деца се тешки. Мислевме дека и таа е во таа фаза“, се присетила мајката, која на крајот решила да ги следи своите инстинкти и да се јави на лекар.

„Сестрата ме праша дали Лејла се будела секое утро со влажни пелени. Откако реков да, таа рече да ја донесат веднаш. Нејзината урина беше тестирана и веднаш и беше откриена гликоза во крвта и и’ беше дијагностициран дијабетес тип 1. Јас никогаш не размислував за тоа, бев збунета“, додала таа.
Хеншен и нејзината ќерка биле испратени во болница на дополнителни тестови. Утврдено е дека девојчето боледува од дијабетична кетоацидоза, која се јавува кога личноста нема доволно инсулин за да го претвори шеќерот во енергија. Наместо тоа, црниот дроб користи маснотии како гориво, предизвикувајќи таложење на кетони, што во поголеми количини може да биде опасно, според Центрите за контрола и превенција на болести.



Што е дијабетес тип 1?
Дијабетес тип 1 е автоимуна болест предизвикана од недостаток на инсулин. Симптомите вклучуваат зголемена фреквенција на мокрење, зголемена жед, зголемен апетит и почести напади на глад.
Инсулинот му помага на телото да земе енергија од шеќерот во клетките. Но, без него, шеќерот и мастите не се складираат правилно и не се претвораат во енергија. Тоа значи дека луѓето, дури и кога јадат повеќе, не се дебелеат. Затоа неочекуваното слабеење е уште еден симптом.
Луѓето со дијабетес тип 1 мора да земаат инсулин во текот на нивниот живот. Тие не можат да се потпрат на лекови кои можат да им помогнат на луѓето со дијабетес тип 2 да го контролираат нивото на гликоза во крвта.


Животот на Лејла со дијабетес тип 1
Лејла останала во болница неколку дена. Тогаш нејзините родители научиле како да се грижат за дете со дијабетес тип 1. Девојчето носи монитор за гликоза во крвта на раката, кој во реално време го очитува нејзиниот шеќер во крвта на телефоните на нејзините родители.
Ешли не ја ограничува во ништо, но ги чита етикетите на храната и на тој начин проверува колку јаглехидрати има во храната што ја сака нејзината ќерка.

„Иако да се има дете со дијабетес тип 1 бара малку повеќе планирање, нашите животи не се драматично променети. Се надевам дека по нашата приказна, другите ќе побараат помош веднаш штом забележат дека нешто не е во ред со нивното дете. Најлошото што може се случи е ако докторот рече дека е здраво“, порачува таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …