СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – Хрватска денеска дебитира во Катар, на терен ќе бидат и Германија, Шпанија и Белгија

Светското првенство во Катар продолжува денеска кога се играат четири нови натпревари. Најинтересен дефинитивно е оној меѓу Мароко и Хрватска, кој воедно е и прв на денешниот распоред.
Хрватска е благ фаворит на овој натпревар, бидејќи има поквалитетен играчки кадар и се во фантастична форма. Лигата на нации ја комплетираа кон средината на оваа година со четири големи победи (против Австрија, Франција и двапати Данска) и со тоа најавија големи работи на шампионатот каде ќе го бранат второто место освоено во Русија пред четири години.
Од друга страна, Мароко се посвети на пријателски натпревари, па на пет не доживеа ниту еден пораз. Тие доживеаја голема промена во текот на годината и со смената на селекторите кога за да ги исполнат желбите на јавноста го сменија тренерскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ. Денешниот натпревар ќе покаже дали тоа ќе биде вистинскиот потег за Мароко.
Германија од 14 часот игра против Јапонија и се очекува победа на повеќекратните светски прваци. Германците не славеа во финалето на Лигата на нации бидејќи на последните четири дуели освоија само пет бода. Сепак, за очекување е дека ги решија проблемите кои ги имаа и дека ќе имаат малку полесна работа со Јапонија, која неодамна покажа многу мани во пријателскиот пораз од Канада.


Најлесната работа денеска, барем на хартија, би требало да биде за Шпанија, која ќе се соочи со Костарика. Многумина ги проектираат Шпанците во полуфиналето на Мундијалот, а против слабите Костариканци се’ освен убедлива победа би била еднаква на сензацијата што Саудиска Арабија ја приреди против Аргентина.
Најтешка работа на тројцата фаворити треба да има Белгија, која се среќава со Канада. Посебно предупредување до Белгијците дојде неодамна кога загубија од Египет во пријателски натпревар, но денеска ќе има многу поголем мотив во натпреварувачката пресметка. Белгија поради повреда на бутот ќе остане без услугите на Ромелу Лукаку, но и понатаму има голем број квалитетни играчи, поради што сепак треба да ја совлада Канада која по долго време се врати на Мундијалите.

Распоред:


Мароко – Хрватска 11:00 часот

Германија – Јапонија 14:00 часот


Шпанија – Костарика 17:00 часот

Белгија – Канада 20:00 часот

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …