Почнува Јавниот повик за доделување 3.300.000 денари за пензионерите во Центар

Општина Центар денеска распишува Јавен повик за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани,пензионери во социјален ризик со место на живеење на територија на општината. Оваа мерка минатата недела ја соопшти градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, а истата беше донесена на последната 16-та седница на Советот во Општина Центар.
Станува збор за доделување еднократна финансиска поддршка со цел да им се помогне на лицата од најранливата категорија граѓани, пензионерите во услови на тешка економска и енергетска криза.Оваа финансиска поддршка Општина Центар ја предвидува за приматели на пензија чиј износ е до 17.518,00 денари.
„Верувам дека во оваа криза на зголемени цени на прехранбените производи и електричната енергија еднократната финансиска поддршка која ја доделуваме ќе им биде од помош на повозрасните граѓани да подмират дел од трошоците при набавка на прехранбени продукти, подмирување на месечните сметки или набавување на потребната здравствена терапија. Општина Центар повторно успеа да им излезе во пресрет на највозрасните сограѓани кои се најзаслужни за тоа каде сме денес“, смета Герасимовски.
Висината на еднократната финансиска поддршка која Општина Центар ја доделува на повозрасните граѓани, пензионери во социјален ризик изнесува 1.500,00 денари.

This image has an empty alt attribute; its file name is centar-penzioneri-1.jpeg
Заинтересираните пензионери можат да аплицираат за добивање финансиска поддршка само ако се жители на Општина Центар и имаат пензија во рамките на горе наведениот износ.
За добивање на оваа финансиска поддршка треба да се достави, барање за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани – пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциона сметка и доказ од последна примена пензија (за месец октомври 2022 година). Општина Центар напоменува дека пензионерите кои сакаат да учествуваат во Јавниот повик не се обврзани лично да ги достават потребните документи туку тоа може да го направат и други членови на семејството или блиското опкружување.
Јавниот повик Општина Центар го отвора денеска, среда 23.11.2022 година и ќе трае до 07.12.2022 година. Барањето за доделување финансиска поддршка на повозрасни граѓани –пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје, Архива на Општина Центар-Скопје (барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=16108.
Поднесените документи ќе бидат разгледувани од Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, Горан Герасимовски. Граѓани кои аплицирале и ги исполниле критериумите, Општина Центар ќе им достави решение за доделување на финансиска поддршка.
Финансиската исплата на трансакциските сметки на пензионерите ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.
Општина Центар ги повикува пензионерите што ги исполнуваат условите да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се слави Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски: Вториот Мојсеј исполнува желби ако го направите ова!

Божји човек и голем чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и …