Имате тенка и кршлива коса? Можеби вашата исхрана е сиромашна со важна хранлива материја

ДОКОЛКУ забележите дека косата сè повеќе ви опаѓа и сакате да ја пронајдете причината за проблемот, експертите предлагаат прво да ја анализирате вашата исхрана. Иако опаѓањето на косата е неизбежно и се јавува како што старееме, исхраната со малку протеини може да доведе до слаба и кршлива коса.
„Протеините им помагаат на клетките, вклучувајќи ги и оние кои ја сочинуваат нашата коса, да растат. Без протеини, нашата коса се крши и станува тенка. Недостатокот на протеини може да предизвика губење на косата бидејќи е потребен за синтеза на кератин. Кератинот е единствен протеин пронајден во нашата коса, ја одржува косата здрава и му помага на телото да ги добие хранливите материи што му се потребни за одржување на здрава коса“, објаснила експертката за здравје на косата Ганима Абдула.
Бидејќи протеините ја сочинуваат целата структура на косата, нивниот недостаток може да предизвика губење на косата.

This image has an empty alt attribute; its file name is dopiranje-na-kosa.jpg
„Некои луѓе се на диети и не внесуваат доволно протеини, а тоа ги исцрпува резервите на протеини и доведува до недостаток на хранливи материи и губење на косата“, додала таа.
Креаторката на „Кандида диетата“, Лиза Ричардс, вели дека на здравјето на косата многу влијаат хранливите материи што ги јадеме.


„Како што старееме, ќе треба да ја промениме исхраната бидејќи се менуваат нашите потреби за хранливи материи. Фокусирајте се особено на јајцата и млечните производи кои се богати со биотин, витамин Б12, протеини, цинк и омега-6 масни киселини. Тука се и семиња, јаткасти плодови, риба и слатки компири, како и јогурт, пилешко, говедско месо и мешунки“, набројува.
На поединецот обично му требаат најмалку 45 грама протеини секој ден за здрава коса, но тоа зависи од телесната тежина и исхраната, пишува SheFinds.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕВЕНЦИЈА – Обрнете внимание: Ова се 4-те први сигнали кои укажуваат на НЕДОСТАТОК НА КАЛИУМ

И’ грчевите и хроничниот замор можат јасно да укажуваат на недостаток на овој елемент…Недостатокот на …