Алекс Скот, новинарка од британската Би-Би-Си, носела лента „One Love“ додека известувалаа за натпреварот Англија-Иран во знак на протест бидејќи ФИФА им забрани на капитените на тимовите да носат ленти во боја на виножитото.
Откако вчера беше потврдено дека Англија, како и другите нации, нема да можат да ја носат лентата „One Love“ во боите на виножитото во знак на поддршка за ЛГБТ луѓето, британскиот новинар на BBC Sport најде начин да протестира.
Таа за време на интервјуто носеше лента „One Love“ на раката, а нејзиниот потег предизвика доста позитивни реакции на социјалните мрежи.
„Англија можеби не ја носи лентата One Love, но Алекс Скот го прави тоа токму сега на Би-Би-Си. Ова е повеќе од правата на ЛЈБТ+ лицата, ова се човекови права“ порачал еден фудбалски фан во твит.
Alex Scott sports the #OneLove armband after England’s decision to abandon the gesture over FIFA sanctions. #FIFAWorldCup | #Qatar2022 pic.twitter.com/MfSTBIZM8E
— SPORTbible (@sportbible) November 21, 2022
„Каков лидер. Алекс Скот е онаа вистинската. Легенда“, ја пофалил друг.
Домаќинот Катар беше критикуван за нивниот однос кон жените и членовите на ЛГБТК+ заедницата во подготовката на шампионатот, додека и понатаму се изразува загриженост за односот на земјата кон мигрантите кои работат таму.
ФИФА им се закани на репрезентациите на Светското првенство со жолти картони пред натпреварот доколку ги носат капитенските ленти во боите на виножитото „One Love“.
Фото: Принтскрин/Twitter