Оваа утринска навика може да биде причина за висок крвен притисок, велат експертите

Високиот крвен притисок е еден од најголемите ризици за појава на кардиоваскуларни и цереброваскуларни заболувања, а податоците покажуваат дека денес речиси 40 отсто од возрасната популација страда од хипертензија или висок крвен притисок. Но, дали знаевте дека една работа што повеќето луѓе ја прават наутро може сериозно да го зголеми крвниот притисок? Барем така покажуваат најновите истражувања, пренесува Medical News Today.

Имено, претходно споменатото истражување покажало дека употребата на одредени средства за плакнење уста може да предизвика зголемување на крвниот притисок. Исто како и нашите црева, усната шуплина содржи комбинација од добри и лоши бактерии, а урамнотежениот орален микробиом помага во одржување на целокупното здравје. Според истражувањето објавено во списанието Frontiers in Cellular and Infection Microbiology, таа рамнотежа може да се наруши токму со употреба на средство за плакнење уста.


This image has an empty alt attribute; its file name is tecnost-za-izmivanje-usta.jpg
Добрите бактерии во усната шуплина овозможуваат конверзија на нитратите во исхраната во азотен оксид, што помага во одржување на здрави вредности на крвниот притисок. Проблемот е што некои течности за плакнења за устата содржат антисептичка супстанца која може да ги „убие“ добрите бактерии. Студијата во која учествувале 26 субјекти покажала дека користењето на вода за плакнење два пати на ден во текот на една недела е поврзано со значително зголемување на крвниот притисок.

„Научно е докажано дека на секој човек му треба соодветна количина на азотен оксид во телото за добро здравје. Од друга страна, повеќе од 200 милиони Американци користат течност за плакнење за уста секој ден што ги уништува добрите бактерии кои помагаат во неговото создавање. Она што некогаш се сметаше за добра навика, сега прави повеќе штета отколку добро“, објаснил авторот на студијата Нејтан Брајан, додавајќи дека нивното откритие може да објасни и зошто две од три лица со висок крвен притисок не успеваат да го контролираат крвниот притисок со лекови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕВЕНЦИЈА – Обрнете внимание: Ова се 4-те први сигнали кои укажуваат на НЕДОСТАТОК НА КАЛИУМ

И’ грчевите и хроничниот замор можат јасно да укажуваат на недостаток на овој елемент…Недостатокот на …