НОБ: Гала оперски концерт на Александрина Пендачанска, сопран на 26.11.2022

На сцената на Националната опера и балет на 26 ноември 2022 со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски( баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски.
На програмата ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди, Џ. Пучини, У. Џордано и др.
Гала оперскиот концерт е во соработка со културно – информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОБ: Инклузивна танцовa претстава “РЕФЛЕКСИЈА”, на 3ти Декември 2022, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Тимот на инклузивното танцово студио “ЕУРЕКА” Ве кани на инклузивна танцовa претстава “РЕФЛЕКСИЈА” во сабота …