(ВИДЕО+ФОТО) ЗБУНУВАЧКО: Девојка открила дека е 3. години ПОСТАРА од СЕСТРА БЛИЗНАЧКА – Како е тоа можно?

Во вирално видео на TikTok, сестрите објаснуваат како дошле на светот, оставајќи многумина во страв до каде стигнала науката.
Развојот на современи научни методи во ин витро оплодување е веројатно едно од најголемите достигнувања на човештвото.
Ова им помогна на многу жени и парови да се остварат како родители, кога по природен пат не било лесно. Иако е сложен и долготраен процес, овој метод на светот носи бебиња кои обично се нарекуваат „чудо бебиња“. По приказната за две сестри, која се појави на TikTok, овој термин доби ново значење.

This image has an empty alt attribute; its file name is bliznacki-so-3-godini-razlika.png


Имено, Тиктокерката Мишел Џенс е зачната на овој начин. Таа решила да ја сподели приказната, која е за неа и нејзината сестра. Мишел во своето видео вели дека и таа и нејзината сестра биле зачнати преку ин витро оплодување (ИВФ) во 1996. година. Бидејќи и двете биле зачнати во ист момент, девојката вели дека тоа во основа ги прави близнаци. Но нивните родители решиле да ги добијат во различни периоди.
Мишел раскажува за оваа необична ситуација: „Јас бев прва, а ембрионот на нејзината сестра – Џеј Џеј бил „замрзнат“ три години, за да се роди во 2000. година. Сестрата на Мишел се родила три години по неа, што значи дека три години по нејзината биолошка сестра близначка.

@michel.c.janse we are 3 years apart but technically twins. 😅 #fyp ♬ original sound – Tik Toker


Но, приказната не завршува тука. Мишел во видеото вели и дека нивните родители се уште чуваат уште замрзнати ембриони! На крајот, таа додава дека ако сакаат, тие две можат да земат ембриони и да родат свои „браќа или сестри“. Оваа бизарна приказна има 1,6 милиони прегледи на TikTok, а гледачите биле шокирани од она што го слушнале.
Еден корисник напишал: „Лудо е да се мисли дека една од вас две била ЗАМРЗНАТА 3. ГОДИНИ!
Друг под приказната додал: „Чекај, може ли некој да ми го објасни ова?? Науката е чудо“.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали секој ден консумирате ЈАТКИ? Еве кои предности но и ризици ги носат за здравјето на СРЦЕТО и крвните садови!

Тие добро го заситуваат телото, ги збогатуваат главните хранливи материи и позитивно влијаат на општото …