Во последните квалификации во овогодинешната сезона во Формула 1, Ред Бул ги заклучи првите две позиции.
Актуелниот шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата, седма сезонава, а Серхио Перез ќе стартува од второто место.
Верстапен го извози најбрзиот круг за 1:23.824.
QUALIFYING CLASSIFICATION@redbullracing lock out the front row for Sunday's race 👏#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/5HaUCeUdly
— Formula 1 (@F1) November 19, 2022
Следуваат две Ферари – Шарл Леклер на третото и Карлос Саинс на четвртото, по што следат два Мерцедеси – Луис Хамилтон и Џорџ Расдел.
Возачот на Мекларен Ландо Норис тргнува од седмото место, осми беше Естебан Окон во неговиот Алпин. Деветтото место го зазеде Себастијан Фетел, а зад него е Даниел Рикиардо.
Во недела од 14 часот се вози последната трка сезонава во која можеби ќе имаме шампион, но сепак не е се решено. Преносот е на Спорт Клуб 3.
Фото: Принтскрин/Twitter