(ФОТО) „Ми рекоа дека имам уште шест месеци живот, децата нема да го знаат татко им“: Познатиот водител проговорил за борбата со ракот на белите дробови

Познатиот британски водител Џони Ирвин објавил дека се бори со ракот во терминална фаза, а според лекарите му остануваат само уште неколку месеци живот.
Во интервју за магазинот „Hello“, 48-годишникот открил дека ракот од белите дробови му се проширил на мозокот и дека се надева дека неговата приказна ќе ги охрабри и инспирира луѓето „да го искористат максимумот од секој ден“.
Џони открил дека првиот симптом го почувствувал во август 2020. година кога видот ненадејно му се заматил додека возел.
– За една недела од тој момент ми рекоа дека ми остануваат уште шест месеци живот. Морам да одам сам дома и да и кажам на жена ми, која тогаш ги чуваше нашите новородени близнаци, дека ќе остане сама. Тоа беше поразително. Сè што можев да направам е да и се извинам. Чувствувам одговорност за тоа што се случува – изјавил водителот.


Џони и неговата сопруга Џесика ги имаат двегодишните близнаци Рафа и Кормак и тригодишниот син Рекс, а тој вели дека до неодамна сакал да ја држи во тајност својата болест.

View this post on Instagram

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)


-Сепак, сега е дојдено до степен да се чувствувам како да имам некоја валкана тајна, како да имам невидлив товар на грбот. Се надевам дека со отстранување на тој товар, можам да ги инспирирам луѓето кои се во иста ситуација, чии денови се одбројани, да го искористат максимумот од секој ден, да им помогнам да видат дека можете да живеете добар живот, дури и ако умирате. Еден ден, ова ќе ме стигне, но правам се што можам за тој ден да дојде што е можно подоцна. Тоа им го должам на сопругата и на синовите. Некои луѓе во мојата ситуација имаат списоци со желби, но јас само сакам да направиме колку што можеме повеќе како семејство, рекол Ирвин.


Овој Британец истакнал дека не знае колку му останало, но е сигурен дека не е многу, но дека сепак се труди да остане позитивен и дека има став да живее со рак, а не да умира од него.

– Поставувам мали цели, работи кои ме тераат да сакам да бидам таму. Стекнав навика да си велам да не планирам однапред, бидејќи можеби нема да бидам доволно добро за да го остварам тоа. Но, сега – сега сакам да правам планови. Сакам да правам спомени и да ги фатам овие моменти со моето семејство, бидејќи реалноста е дека моите момчиња ќе пораснат без да го познаваат својот татко и тоа ми го крши срцето – заклучил тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Поранешниот словенечки претседател го продава својот автомобил од 1991 година

Пред неколку дена Борут Пахор се пофали дека неговиот Рено 4 и официјално станал олдтајмер. …