ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Паметен автомобил „подивел“ и убил две лица

НА ВИДЕОТО од безбедносните камери може да се види како автомобилот наеднаш со голема брзина почнал да брза низ улиците на градот, а возачот, како што тврди, не можел да го совлада.
Подивениот автомобил Тесла усмртил возач на мотоцикл и средношколка во кинескиот град Чажоу во јужната провинција Гуангдонг, јавуваат медиумите.
Во оваа трагедија која се случила на 5. ноември повредени се три лица, а според полицијата се уште не се познати причините за несреќата.
Несреќата се случила кога возачот на Тесла по име Жан (55) се обидувал да го паркира својот Model-Y, кога, според неговите зборови, наеднаш изгубил контрола и автомобилот излетал со голема брзина.
Во текот на два километри диво возење, автомобилот удрил во два мотоцикли и два велосипеди, при што загинале две лица, а три други биле повредени, објавила локалната новинска агенција Jimy News.

Сообраќајната полиција ја исклучила можноста Жан да возел под дејство на дрога и алкохол и напоменала дека возилото ќе биде тестирано.


Сообраќајната полиција соопштила дека неименуван член на семејството на 55-годишниот возач рекол дека имал проблеми со педалата на сопирачката кога сакал да застане пред продавницата на неговото семејство, што Тесла го негира и како доказ наведува дека стоп светлата не биле вклучени, што покажувало дека немало активност на сопирачките.
Тесла и претходно се соочувала со тврдења за откажување на сопирачките во Кина.
Кина е вториот по големина пазар на Тесла, а компанијата изјавила дека ќе соработува во понатамошната истрага и ги негира наводите на возачот за сопирање.

Трагичниот инцидент инаку предизвика големо медиумско внимание во Кина и беше меѓу најгледаните теми на социјалната мрежа Veibo во неделата.
„Полицијата во моментов бара агенција за проценка на трета страна за да ја идентификува вистината зад оваа несреќа и ние активно ќе ја пружиме сета потребна помош“, рекол Илон Маск, производителот на тие електрични возила, во порака до медиумите во неделата, предупредувајќи дека не верува во „гласините“.
Од Тесла порачале дека видеата покажале дека стоп светлата не биле вклучени кога автомобилот возел брзо и дека нивните податоци покажуваат други проблеми – дека сопирачките не биле активирани за време на целото патување со кое возилото поминало пред фаталната несреќа.
Во соопштението за Рмедиумите, компанијата рекла дека на кинескиот сопственик на автомобилот судот му наредил јавно да се извини и да ја обештети компанијата, откако пресудила дека коментарите што ги дал за медиумите за проблемите со неговите сопирачки се невистинити и ја нарушиле репутацијата на Тесла.
Медиумите не можеле да потврдат дали тврдењата на Тесла се вистинити.
Минатата година, еден незадоволен клиент предизвикал бурни реакции на социјалните мрежи. Една жена објавила видео на кое се качува на возилото на Тесла на автосалонот во Шангај, во знак на протест поради постапувањето од страна на компанијата за нејзините поплаки за неисправни сопирачки по сообраќајна несреќа.
Во тој случај, од Тесла рекле дека прекршувањето на брзината е причина за нејзината несреќа, но ветиле дека ќе го подобрат начинот на кој ќе се справуваат со жалбите на клиентите.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …