Серијата на Нетфликс „The Crown“ со пресоздавање на „танцовата точка“ на кралот Чарлс потсети на постоечко видео од 1985. година на кое се прикажува новиот британски крал како танцува брејкденс.
Петтата епизода од најновата сезона на „The Crown“, наречена „The Way Ahead“, завршува со сцена на тогашниот принц Чарлс како игра брејкденс на хуманитарен настан, и додека многумина мислеле дека тоа е фикција, тој момент во серијата е базиран за нешто што навистина се случило.
На 29. март 1985. година, Чарлс присуствувал на работилница организирана од добротворната организација што ја основал, Prince’s Trust, во селото наречено Middleton-on-Sea, според приказната на Press Association објавена два дена подоцна.
Чарлс бил „наговорен да проба брејкденс со тројца млади луѓе и ги мрдал нозете во бавна роботска имитација, дури и клекнал на колена“, се вели во текстот.
Прилично неочекуваниот момент го забележале фотографите и видео камерите. Снимката е достапна на Јутјуб, а многумина ја споделија на социјалните мрежи откако ја погледнаа петтата епизода од „The Crown“.
Сепак, постои една клучна работа што во серијата не ја разбрале како што треба – временската линија го сместува моментот на брејкденс во 90-тите, а всушност се случил во претходната деценија.
Фото: Принтскрин/YouTube