Возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја постигна првата победа во кариерата откако триумфираше на Големата награда на Бразил, претпоследната трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Our 113th Grand Prix winner… GEORGE!! 🖤#BrazilGP #F1 pic.twitter.com/1xcXwwsaqd
— Formula 1 (@F1) November 13, 2022
На овој начин Британецот на својот тим му го донесе и првиот триумф сезонава, прв по минатогодишната трка во Саудиска Арабија на која славеше Луис Хамилтон. Седумкратниот светски шампион беше најблиску до својот тимски колега на „Интерлагос“ за двојната победа на Мерцедес. Карлос Саинц Јуниор во Ферари беше на третото скалило на подиумот.
GEORGE RUSSELL IS AN @F1 GRAND PRIX WINNER!! HE TAKES THE FLAG FIRST IN SÃO PAULO 👏👏 pic.twitter.com/ZbEuVoZCru
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) November 13, 2022
Веќе во првиот круг од денешната трка имаше голем инцидент, по кој Кевин Магнусен излета на патеката, а потоа удри во Даниел Рикиардо и двајцата ја завршија трката.
Иако многу делови од болидот веднаш останаа на патеката и имаше голема гужва, останатите возачи за среќа успеаја да ја избегнат истата или слична судбина и без штета да излезат од овој хаос. На редарите им беа потребни седум или осум круга за да ги исчистат сите остатоци од патеката и да ја осигураат безбедноста на другите натпреварувачи.
The emotions come flooding out for our new winner 🥺
Yes @GeorgeRussell63… you really did THAT!#BrazilGP #F1 pic.twitter.com/BLVZrWfjkb
— Formula 1 (@F1) November 13, 2022
Набргу потоа и по продолжувањето на трката, Хамилтон и Ферстапен се туркаа и Британецот излета од патеката, но успеа да се врати, а на крајот новиот/стариот шампион во Формула 1 доби казна од пет секунди.
Расел беше одличен на денешната трка и успеа да дојде до првата победа во кариерата, а неговиот клупски колега Луис Хамилтон заврши на второто место. Третиот и четвртиот беа дуото од Ферари, Саинц и Леклер, додека во првата петорка се најде и Фернандо Алонсо.
Ферстапен денешната трка ја заврши на шестото место, а седми беше неговиот тимски колега Перез.
Фото: Принтскрин/Twitter