Меган Маркл ги поддржала изборите за американскиот Конгрес, а таа отишла да гласа во наједноставна облека.
На веб-страницата на фондацијата Archewell беше објавено видео на кое таа го поддржува гласањето, со хаштаг „гласајте“. „ABC News“ пишува дека Меган Маркл со тоа го прекршила протоколот на британското кралско семејство за неизразување политички коментари или ставови.
Сепак, Меган веќе две години не е официјален член на британскиот двор, со заедничка одлука на неа и нејзиниот сопруг принцот Хари, со кој живее во Санта Барбара по напуштањето на Британија. Затоа веќе не подлежи на протокол кој не се однесува само на однесување туку и на кодексот на облекување.
View this post on Instagram
Пред Мегзит, како што се нарекува заминувањето на Меган и Хари од дворот, Меган мораше да следи одредени правила кога станува збор за облекувањето. Иако во споредба со Кејт Мидлтон, а во согласност со нивните позиции, таа имаше многу поголема слобода во тоа, сепак нејзиниот моден избор беше во голема мера ограничен.
Меган сега може да носи што сака, а повеќе од забележливо е што по напуштањето на обврските се облекува многу лежерно, што може да се каже и за Хари.
View this post on Instagram
Славниот пар го следи протоколот само додека престојува во Британија и оди на јавни настани, но и тогаш имаат поголема слобода од порано. И значително поголема од Кејт и принцот Вилијам. Слобода во однос на тоа што можат да носат и како треба да се однесуваат.
View this post on Instagram
Може да се толкува и поинаку дека поголемата моќ и поголемото влијание им даваат значително повеќе можности на принцезата и на принцот од Велс, а нема докази дека на Кејт и Вилијам не им се допаѓаат должностите и обврските што ги носи нивната позиција, освен шпекулации. Слобода или нешто друго… ништо во животот не доаѓа без наплата. Меган и Хари сега се понезависни, но колку ги чинеше и дали им се исплатело?’
View this post on Instagram
Со оглед на претходните политички ставови на Меган и нејзината критика кон Трамп, јасно е дека таа гласала за демократите. Да не заборавиме дека се шпекулираше дека нејзината крајна цел била да се кандидира за претседател на САД. Како може тоа да се заборави?
Фото: Принтскрин/Instagram