Данскиот возач Кевин Магнусен ги шокираше сите во Бразил, бидејќи постигна најдобро време во квалификациите за спринтерската трка и ја освои првата пол-позиција во кариерата.
Ако мислевте дека одбраната на титулата на Макс Верстапен е крај на возбудувањата во Формула 1 за 2022 година, сте се излажале. Не се. Остануваат уште две трки до крајот на сезоната, а очигледно многу возачи сакаат да докажат дека имаат што да покажат во оваа година, која најмногу ја одбележаа новите и старите шампиони.
View this post on Instagram
Овој пат, од никаде, се појави Кевин Магнусен. Данецот во Хас е веројатно последната личност на која би се обложиле за да стигне до пол-позицијата. Особено што неговиот тимски колега Мик Шумахер го зазеде последното место. Во богатата историја на Формула 1 ретко се случувало двајца возачи од ист тим да бидат на првата и последната позиција во квалификациите, без некои казни или дефекти.
🍩🥇🇩🇰😁 pic.twitter.com/anqHnkFpmb
— Haas F1 Team (@HaasF1Team) November 11, 2022
Во секој случај, Магнусен постигна најбрзо време во Q3 на дожд од 1:11.674, 203 илјадити делови од секундата побрзо од Верстапен. Вториот стартен ред е резервиран за Британецот Џорџ Расел во Мерцедес и Ландо Норис во Мекларен.
Зад нив во топ 10 беа Карлос Саинц во Ферари, Естебан Окон во Алпина, неговиот тимски колега Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон во Мерцедес, Серхио Перез во Ред Бул и Шарл Леклер во Ферари.
Спринт трката во Бразил е на програмата во сабота од 20:30 часот, а главната трка во недела од 19:00 часот со директни преноси на каналите на Спорт Клуб.
Фото: Принтскрин/Instagram