Многу жени би сакале да им кажат на своите партнери што прават погрешно во креветот, но не го прават тоа затоа што не сакаат да ги повредат, а понекогаш само се срамат.
Секој е различен, па на секого му одговараат различни работи во сексот. Затоа е нормално да постои комуникација за сексот и мора да бидете подготвени да зборувате за тоа што вие или тој сака. Некогаш и најискусните мажи прават некои грешки кои ги излудуваат повеќето жени, а еве кои се најчестите:
Тие не слушаат што им се кажува
Повеќето жени често се жалат дека партнерот не ги слуша, а тоа понекогаш се случува и во спалната соба. Можеби проблемот е во машкото его кое им кажува дека тоа веќе го знаат или дека го знаат подобро од неа. Во секој случај, тоа не се одразува добро на интимните односи.
Не внимаваат на хигиената
И покрај тоа што никогаш немало достапно толку многу машки средства за хигиена, некои мажи сè уште не се толку добри во тоа. За тие мажи тоа не е најважното нешто на светот и не се свесни дека повеќето жени сакаат нивниот маж постојано да биде чист и миризлив. Проблем може да биде и прекумерната количина на влакна на препоните, грбот и градите.
Не се трудат околу предиграта
Предиграта е нешто што многу мажи сè уште го забораваат или игнорираат, а огромното мнозинство од нив навистина не знаат колку е важна добрата предигра за една жена. Иако не сите, на повеќето жени им треба малку време и труд за да се „загреат“, а тоа ги зголемува шансите за постигнување оргазам.
Не го стимулираат она што треба
Многу мажи погрешно мислат дека стимулирањето на вагината ќе им ја даде истата сензација што тие ја добиваат од стимулирањето на пенисот. Имено, чувството во пенисот се базира на допир, додека во вагината чувството се создава со истегнување и притисок. Кај жените, клиторисот е тој што е паралелен со чувствата на пенисот, освен што неговата анатомија е понежна и почувствителна. Клиторисот, а не вагината, е центарот на сексуалниот универзум на жената, пишува Psychology Today.