(ВИДЕО) Младоженецот ги налутил луѓето со тоа што го направил со свадбената торта: „Кутра жена“

Видеото од младоженецот како со парче свадбена торта мачка по лицето на неговата новопечена сопруга, предизвика канонада од неодобрување на TikTok. Коментаторите на оваа социјална мрежа тврдат дека мажот бил премногу агресивен, а невестата тоа го демантира и вели дека сето тоа било шега.

„Официјално е дека сме господин и г-ѓа Прајс. Тој ми врати добро и праведно затоа што веќе му го направив тоа.


@jadekennedy_777 It’s official we’re mr and mrs price❤️🥰 he got me back for doing it to him good and propa🙈🤣 love my arsehole of a husband all the world🤣🥰❤️ #fyp #fypシ #married #couplecomedy #funny #marriedlife #wedding ♬ original sound – Jade kennedy

Иако на видеото се гледа дека невестата знае што ја чека, кога младоженецот оди кон неа со парче торта во рака, таа сепак се обидува да се оддалечи. Заглавена во аголот, Џејд ги кренала рацете и се обидела да го заштити нејзиното нашминкано лице.
Но, младоженецот не попуштал и ѝ ја бутал тортата во лице додека невестата паѓа на подот. После тоа, тој и помага да стане на нозе и го напушта кадарот додека на невестата и приоѓа висока личност која и помага да го исчисти нејзиниот бел фустан.


Тиктокерите се бесни, тврдејќи дека младоженецот е премногу агресивен
Тиктокерите го критикувале младоженецот за ваквото однесување, а поради низа негативни коментари, невестата на крајот ја исклучила можноста за коментирање, но видеото потоа почна да се појавува на профилите на другите корисници.
„Кута жена, ова е непростливо! Како може да се омажи за него? Таков срам на нејзиниот посебен ден“, напишал Тиктокер кој го споделил видеото на невестата откако било забрането да се коментира.
Начинот на кој младоженецот со предумисла ја „демнел“ невестата и конечно триумфално си заминал, корисниците го протолкувале како знаци на агресија: „Луѓето во сгресивни врски не гледаат на тоа исто како аутсајдерите“, „Агресијата е проблем. Таа го замолила да не го прави тоа и не му беше грижа. Дефинитивно нема да биде грижлив сопруг“.
„Премногу е агресивен, татко ми би го истепал“, „Замисли да го гледаш ова како родител“, „Јас да сум на нејзино место веднаш би си заминала“, „Се смешка само за да не ѝ течат солзи“, се нижеле негативно коментари под видеото.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ/ВИДЕО) МАКЕДОНСКИ КОЛАЧ: Сочен десерт кој се топи во уста

Во посните денови не треба да заборавиме на слатките, па затоа ви пренесуваме рецепт за …