Гледањето птици го подобрува менталното здравје, според една неодамнешна студија. Оваа активност добро влијае и на расположението на луѓето со клинички докажана депресија.
Најновото откритие ја комплетира теоријата за тоа како приближувањето до природата, истражувањето на руралните области, но и секоја интеракција со животните може да ја спречи депресијата кај луѓето.
Научникот Рајан Хамуд, од Кралскиот колеџ во Лондон, рекол:
„За прв пат покажавме директна врска помеѓу гледањето или слушањето птици и позитивното расположение. Се надеваме дека ова ќе ја нагласи важноста од заштита на природата и обезбедување соодветна средина за птиците.
Учесниците редовно пополнуваа прашалници за нивното расположение користејќи апликација за паметни телефони. Оние кои можеле да видат или слушнат птици во тоа време или во последните неколку часа имале резултати што сугерираат дека се дури 70 проценти посреќни.
Фото: africanbreezetours
Подобрување на расположението било забележано дури и кај луѓе со клиничка дијагноза на тешка депресија.
Д-р Хамуд истакнал дека сега, секојдневните средби со птиците се поврзани со долгорочни подобрувања во менталното здравје и благосостојба.
Во период од шест години, тие откриле дека оние кои покажале ризично однесување, како што се пушење, зголемен внес на алкохол, физичка неактивност, лоша исхрана, долго седење и премалку или премногу сон, имале поголем ризик од раната смрт од оние чиј начин на живот не вклучувал ништо од горенаведените, пишува The Huffington Post.
Откриено е и дека луѓето чиј начин на живот вклучува физичка неактивност, долго седење, премногу спиење имаат ист ризик од рана смрт како и оние кои пушеле и често пијат алкохол прекумерно.
„Оваа анализа истражуваше четири воспоставени и два нови фактори на ризик, имено долгото седење и нездравото времетраење на сон, кои може да се додадат на индексот на однесување или комбинација на фактори кои го зголемуваат ризикот по здравјето“, објаснува д-р Мелоди Динг.
Фото: Принтскрин/birdcount