Во документарецот за животот на пејачката и актерка Селена Гомез „Selena Gomez: My Mind and Me“ не се споменува една важна личност – девојката која го донираше својот бубрег и и’ го спаси животот.
Гореспоменатиот документарен филм ги прикажува последните шест години од животот на Селена Гомез, како и нејзината борба со лупус, автоимуна болест која предизвикува природната имунолошка одбрана на телото да го напаѓа здравото ткиво.
View this post on Instagram
Поради лупус, Селена Гомез имаше трансплантација на бубрег во 2017. година, таа се бореше со депресија и биполарно растројство. Хуманиот гест на нејзината поранешна пријателка и колешка Франка Рајза воодушеви многумина, а пејачката со години ја нарекуваше нејзината сестра.
Сепак, во филмот Франка не се споменува. А Селена ја именуваше Тејлор Свифт за нејзина единствена вистинска пријателка во интервју за американскиот магазин Rolling Stone.
„Никогаш навистина не се вклопив во кул групата славни девојки. Мојата единствена пријателка во индустријата е навистина само Тејлор“, рекла Селена, која потоа зборувала за нејзината борба со болеста и трансплантацијата, без да ја спомене Франка.
Изневерената пријателка ја споделила изјавата на Селена Гомез за Тејлор Свифт со коментар: „Интересно“, а потоа ја избришала од Инстаграм.
Селена потоа објавила видео на TikTok во кое зборува за овој потег, велејќи: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“, што дополнително ја налути јавноста.
View this post on Instagram
Летово Франка зборувала за тоа колку донирањето бубрег и го променило животот: „Бидејќи имам еден бубрег што функционира и ми делува како филтер за моето тело, морам да внимавам што јадам и не можам да внесувам многу протеини. Јадам многу, но морам и да ја џвакам храната што ми отежнува да јадам и не можам да се здебелам“.
Рајса и замерила на Селена за враќањето на алкохолот по операцијата. Што и да се случило меѓу нив, потегот на Селена Гомез негативно изненади многумина.
Фото: Принтскрин/Instagram
