Едно ново истражување спроведено во Швајцарија потврдува дека кучињата имаат добар ефект врз нашиот мозок
Истражувачите ангажирале 19 здрави возрасни лица за да ја измерат нивната мозочна активност за време на неколку сесии, во присуство и отсуство на кучиња. Резултатите може да ја подобрат ефикасноста на терапии со помош на животни кои се користат за лекување на многу состојби, како што се: депресија, деменција, посттрауматско стресно нарушување и многу други…
Во оваа студија, истражувачите одлучиле да користат функционална инфрацрвена спектроскопија (fNIRS). На челото на учесниците биле поставени две електроди за мерење на когнитивните активности, а било покажано и зголемување на мозочната активност, односно фронталниот кортекс – клучен дел од мозокот кој го контролира вниманието, работната меморија, решавањето проблеми, размислувањето и емоционалните реакции.
Резултатите покажале дека мозочната активност се зголемува при галење на кучињата, а силна мозочна активност била покажана и кога животното ја напуштало собата. За време на студијата, учесниците биле држени подалеку од кучињата додека биле приклучени на скенер. Експериментот продолжил со набљудување на миленичето кое се наоѓало од другата страна на собата, потоа постепено се приближувало и на крајот целосно се приближило за да може субјектот да го погали. Потоа истото го направиле и со плишано животно. И кога ги споредиле двете сценарија, истражувачите откриле дека има посилно зголемување на активноста на мозокот кога вистинското куче е во близина.
Кучето како терапија за луѓето
Примената на овие резултати од студијата е од интерес за целата медицинска заедница. Доктор Џои Р. Џи, невролог во болницата „Провиденс мисија“ во округот Оринџ, Калифорнија, потврдил дека терапите со помош на кучиња „се вредни за многу хронични нарушувања и можат да се користат во услови каде што е потребна релаксација“.
Домашните миленици како кучињата може и треба да се сметаат за важна терапевтска опција за пациенти од сите возрасти кои минуваат низ различни физички или ментални здравствени проблеми, се согласуваат експертите.