НОВАК ЃОКОВИЌ го победи Стефанос Циципас со 2:1 во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Драматичниот меч беше решен во тај-брејк од решавачкиот сет. Тоа беше осма победа во низа за Ѓоковиќ против грчкиот тенисер, сега води со 9-2 во директните мечеви со него.
View this post on Instagram
„Одлично го започнав натпреварот, јасно ја видов и прочитав целата ситуација, го чувствував секој мој удар. Ова ми овозможи да воспоставам контрола. Но, на почетокот на вториот сет, некои шанси на негов сервис беа пропуштени, тој одлично сервираше, ги најде вистинските шутеви и ја мотивираше публиката да го поддржи“, рекол Ѓоковиќ, а потоа се овсврнал на публиката од Париз која навиваше за Гркот.
View this post on Instagram
„Видовте колку публиката го поддржа во вториот сет. Тој тоа го побара и го доби, а само на крајот од третиот сет беше малку порамномерна во пристапот кон нас. Дотогаш беше на негова страна и морам да кажам дека таа многу придонесе за ова за време на натпреварот. Ако цел стадион го извикува вашето име и те крева, секако тоа ја менува атмосферата на теренот, ја менува иницијативата каде тој добива крилја“, изјави Ѓоковиќ, кој го прослави поенот за 6:4 во тај-брејкот провоцирајќи ја публиката со прст на уво.
View this post on Instagram
„Руне ме потсетува на мене“
19-годишниот Данец Холгер Руне го чека Ѓоковиќ во финалето и во потрага по седмата титула во Париз.
„Го познавам Холгер многу добро бидејќи често тренираме на различни подлоги, а патот на неговиот успех го следев од јуниорскиот до денес. Многу ми се допаѓа, има одлична работна етика и на некој начин ме потсетува на мене со неговата борбеност и бекхенд“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram