Коко Шанел е единствената личност која имала право да дели совети, бидејќи животот и кариерата ги изградила сама, без никаква помош.
Габриел Шанел е родена на 19. август 1883. година во Сомур, Франција. Таа била вонбрачно дете на уличен продавач и домаќинка, која покрај неа имала уште пет деца. Поради грешка на црковниот службеник, кој наместо Шаснел го внел презимето Шанел во крштеницата, Габриела го добила презимето по кое ќе стане позната. Кога имала 11. години мајка и починала, а татко и не сакал да се грижи за децата. Завршила во сиропиталиште каде го научила кројачкиот занает.
Кога наполнила 16. години, Габриела го напуштила сиропиталиштето и почнала да работи како шивачка. Не долго потоа, таа се преселила во Париз, каде што почнала да работи во ноќни клубови како танчерка и пејачка. Таа го добила прекарот Коко, кој подоцна ќе го користи како свое име, пеејќи ја песната „Qui qu a vu Coco dans le Trocadero“.
Денеска ви донесуваме 7. бесрамни совети од Коко Шанел за секоја жена:
1. Ослободете ги рацете
Каде започнува слободата на жената? Да, од рацете! Затоа Коко дизајнирала мала чанта со долго ременче. Така жените секогаш имаат слободни раце.
2. Бидете слободни
Коко имала безброј обожаватели, но никогаш не живеела за нив. Животот го водела како да е анонимна и слободна жена. Имала љубовници колку сака и кога сака.
3. Носете удобна облека
Луксузот мора да биде удобен, инаку не е луксуз“, советувала Коко. Таа верувала дека жените не треба да носат корсети, што во тоа време било бесрамно.