(ВИДЕО+ФОТО) АТП Мастерс 1000 Париз – Новак Ѓоковиќ мина уште една пречка: Убедливо против Хачанов за четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако го совлада Карен Хачанов со 6:4, 6:1.
Новак за пласман во полуфиналето ќе се бори со Лоренцо Музети од Италија, кој во три сета го исфрли Каспер Руд.
Последен пат Ѓоковиќ беше сопрен пред четвртфиналето во Берси во 2012. година, а серијата продолжува и сега.

Започна одлично, стигна до 3:0, потоа имаше малку нервоза, пред се поради малиот процент на првиот сервис (под 50 отсто), па Хачанов дојде до 3:3 и 15-30. Сепак, Новак се повлече, продолжи да создава шанси и направи нов брејк за 6:4.
Во вториот сет видовме чиста доминација, па Ѓоковиќ дојде до осма победа во девет меча со Хачанова.


Фото: Принтскрин/Twitter/TennisTV

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Marca: Готово е, Роналдо има нов клуб и најголем договор во историјата на фудбалот

МАДРИДСКА Marca објави дека Кристијано Роналдо е блиску до договор со Саудиска Ал Наср. Португалецот, …