Жените сакаат некој кој е забавен и великодушен, додека мажите сакаат некој кој изгледа како сексуално достапна личност која се смее на нивните шеги, открија норвешките истражувачи.
Научниците тврдат дека ја откриле тајната на успешното флертување. Додека некои луѓе успеваат да флертуваат, други немаат баш завидни резултати.
Истражувањето на тим научници од Норвешка покажало дека жените сакаат мажи кои се дарежливи и посветени, додека хуморот е најсилното оружје за флертување – за секого.
Мажите очигледно преферираат жена која изгледа сексуално достапна и која се смее на нивните шеги.
„Она што е најефективно зависи од полот и дали целта на флертувањето е долгорочна или краткорочна врска“, вели Леиф Едвард Оттесен Кенер, професор на Катедрата за психологија на Норвешкиот универзитет за наука и технологија.
Професорот Кенер е дел од истражувачката група која го проучувала флертувањето во Норвешка и САД и она што луѓето веруваат дека е ефективна тактика – за кого и во кој контекст.
Истражувачката група обединува научници од Универзитетот во Норвешка, од Универзитетот Бакнел во Пенсилванија и од Државниот универзитет во Њујорк во Освего.
„Флертот вклучува различни сигнали кои луѓето си ги испраќаат едни на други. Ова се прави со цел да се привлечат потенцијални партнери“, вели професорот Кенер и додава: „И’ мажите и жените флертуваат за да го привлечат вниманието на посакуваниот партнер, а можеби и за да постигнат сексуален или романтичен резултат“.
Коавтор на новата студија Џоел Вејд, професор по психологија на Универзитетот Бакнел, додала: „Флертот може да биде вербален и невербален“.
Според студијата, жените кои сакаат само краткотрајна врска наместо флерт, мора јасно да му го сигнализираат тоа на потенцијалниот партнер, а пријателскиот контакт како прегратка или бакнеж во образ не функционира во тој контекст.
„Луѓето сметаат дека сигналите дека сте сексуално достапни се најефективни за жените кои бараат краткотрајна врска“, рекол професорот Кенер.
Сепак, сосема поинаква тактика функционира во различен контекст на спарување. Студијата покажува дека „знаците на великодушност и подготвеност да се посветат најдобро функционираат кај мажите кои бараат долготрајна врска“, вели професорот Монс Бендиксен, друг коавтор.
Мажите кои сакаат да ја задржат партнерката долго време, можеби и доживотно, не треба да изгледаат скржави, недарежливи или некој кој претпочита често да ја менува партнерката, велат истражувачите.
Но, најмоќното оружје во арсеналот за флертување е хуморот, за кој се вели дека речиси секогаш функционира до одреден степен – за секого.