Петтата сезона на серијата The Crown започнува со емитување на 9. ноември. Гледачите со нетрпение ја очекуваат новата сезона, која веќе е на удар бидејќи треба да ги пресоздаде последните денови пред трагичната смрт на принцезата Дијана во Париз.
Внимание! Текстот може да содржи спојлери
Daily Mail пишува дека оваа сезона ќе биде побрутална од очекуваното и дека не се прифатени молбите на принцот Вилијам да се изостават деловите кои се особено чувствителни за него.
Ги игнорирале молбите на Вилијам?
И’ покрај неговите молби, Нетфликс во новите епизоди ќе прикажува сцени од злогласното интервју на принцезата Дијана со новинарот Мартин Башир, тогаш најголемата ѕвезда на шоуто „Панорама“ на Би-Би-Си. Таа тогаш рекла дека во бракот со Чарлс има три лица, мислејќи на неговата врска со Камила.
Минатата година, принцот Вилијам побарал интервјуто со Башир, кое е добиено со измама, никогаш повеќе да не биде јавно објавено. Изворите потоа јасно ставија до знаење дека тоа важи и за сериите и филмовите.
Приказот на членовите на семејството е безмилосен
Критичарите на Daily Mail велат дека креаторите на серијата отишле предалеку и дека серијата содржи прецизни реконструкции на најприватните разговори, дека прикажувањето на постарите членови на кралското семејство е крајно немилосрдно, а некои сцени се на работ на клевета.
Ќе се прикаже Вилијам како го гледа интервјуто на неговата мајка, а Чарлс пцуе и беснее по делот во кој Дијана изразила сомневање за неговите способности како иден крал. Чарлс наводно е претставен како „итар, нетрпелив и несвесен за својата очајна желба да стане крал“, пишуваат британските медиуми.
Детално ќе бидат прикажани разговорите на Чарлс и Камила, како и фиктивни кавги за иднината на монархијата и романсата на Дијана со Хаснат Кан, почитуван кардиохирург.
Netflix, инаку, упорно одбиваше да нагласи дека „секоја сличност е случајна“ тврдејќи дека тоа е фикција. На крајот, Нетфликс попушти и на последниот трејлер стави предупредување дека се работи за „драматизација инспирирана од вистински настани“.
Фото: Принтскрин/YouTube