ФОТО од натпревар од кошаркарската лига на Америкаската колеџ кошаркарска лига го обиколи светот. Kentucky Wildcats, еден од најдобрите тимови во државата, биле бодрени од татко и син, а таткото бил видно уморен и валкан од работата во рудникот. Тренерот на „дивите мачки“, легендарниот Џон Калипари ги објавил на својот Твитер.
„Американскиот сон на моето семејство започна во Кларксбург, во рудникот за јаглен, па оваа фотографија ме потсетува на домот. Она што ми е кажано е дека по неговата смена, овој човек побрзал дома да го земе својот син за да може да го однесе на натпреварот. Не знам кој е тој, но имам ВИП билети за него и неговото семејство“, напишал Калипари на Твитер.
My family’s American dream started in a Clarksburg, WV coal mine, so this picture hits home.
From what I’ve been told, after his shift, he raced to be with his son & watch our team. Don’t know who this is, but I have tickets for him & his family at Rupp to be treated as VIPs!! pic.twitter.com/a5BJXUnK2v
— John Calipari (@UKCoachCalipari) October 24, 2022
„Не сакал да пропушти голем дел од натпреварот“
Неговото име е Мајкл Мекгваер, а неговиот син се вика Истон. Мајкл работи во рудник за јаглен во планините Апалачи, и ова бил првиот кошаркарски натпревар на Истон на колеџ. Сè за Fox коментирала сопругата на Мајкл, Моли.
„Разговарав со него, кога ми се јави, тој рече дека нема да има време да се тушира или ќе го пропушти поголемиот дел од натпреварот со Истон. Купивме влезници за да присуствуваат на натпреварот, тоа би бил прв натпревар на колеџот во Кентаки на која Истон присуствувал“, рекла сопругата на Мајкл.
„Имав избор. Или да одам веднаш на натпреварот или да пропуштам полувреме, да одам дома и да се истуширам“, објаснил Мајкл чија приказна завршила на бројни спортски портали ширум светот. Следниот ден не бил свесен за тоа бидејќи работел, но како што вели, на враќање кон дома сфатил колку луѓе му испратиле порака и дека станал хит на Интернет.
Фото: Принтскрин/Twitter