(ВИДЕО) Тиктокер: „Намерно го паркирам своето БМВ каде што не е дозволено. Не ми е гајле, тоа ми е ВИП место“

НЕКОИ правила не важат за богатите.
Во таа теза би можел да се вброи и овој случај на млад сопственик на БМВ, кој предизвика бројни реакции со своето најново видео. 27-годишниот сопственик на БМВ М4 живее во Лондон, а сега објави видео на кое јасно покажува дека не му е грижа за казните за паркирање. Објавата дополнително ја „зачини“ со коментар дека оние без пари ги гледаат казните за паркирање, додека тој гледа ВИП паркинг место.
Токму така, на Лук Десмарис не му е гајле за казните за паркирање кои не му претставуваат проблем. Имено, според многубројните извештаи, тој само минатата година собрал најмалку стотина казни за паркирање, кои според британски Sun го чинеле над 7.000 фунти.

@mrlukedes VIP parking #rich #foryoupage ♬ AirplaneMode – BONES


Тие казни не се проблем за Десмарис бидејќи, според истите медиуми, месечно заработува над 100.000 фунти. Паркирањето е ноќен кошмар за возачите во Лондон, но очигледно не и за Десмарис, кој паркира и на недозволени простори. Истовремено се правда дека „пази да не блокира никого и да направи нешто лошо“. Тој вели дека повеќе би сакал да заштеди време и да паркира непрописно отколку да шета по улиците барајќи паркинг.

„Ако можам да заштедам време таму, тогаш ќе го направам тоа“, изјавил тој. „Тоа значи дека можам побрзо да одам дома за да се вратам на мојата работа. Тоа е мојата логика зад тоа“, објаснува Десмарис.


Казната од 130 фунти сигурно ќе одврати некој што годишно заработува двојно помалку отколку што заработува Десмарис за еден месец. Затоа, многу луѓе се прашуваат дали казните за паркирање треба да бидат пропорционални со финансиската состојба на прекршителот.
Еден коментатор рекол вака: „Ова е причината зошто казните мора да бидат пропорционални на заработката или автомобилот. 30 фунти за Форд и 3000 фунти за Ферари“.

Други признале дека понекогаш го прават истото, свесно паркираат на место каде паркирањето е забрането, соочени со можна казна, па дури и со тоа што пајак може да им го земе автомобилот. „Во центарот на Лондон е поевтино да се плати казна отколку да се паркира цел ден“, коментира еден, додека друг заклучил: „Јас сум постар од тебе и ги гледам работите на ист начин со години – не можам да се согласам повеќе“.


Просечната казна за непрописно паркирање во Лондон е 130 фунти, но 50% попуст се дозволува за првите 14 дена од прекршокот

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 работи со кои не смеете да претерате: Можат да влијаат на вашето здравје

Би се рекло дека сè што не е умерено може на некој начин да ни …