Од сиромаштија, до приватен авион и скапи автомобили: Кој е Хасбула – ѕвездата на социјалните мрежи?!

Дваесетгодишниот Хасбула Магомедов е една од најголемите ѕвезди на социјалните мрежи, а неговите следбеници ги воодушеви веста дека потпишал петгодишен договор со УФЦ.
Поради ретко генетско нарушување, Хасбула иако има 20 години изгледа како дете, а токму тоа му донесе статус на светска сензација која денес живее на висока нога.


View this post on Instagram

A post shared by hasbulla 777 (@hasbula.official1)



Хасбула има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, но малкумина знаат дека тој пораснал во сиромаштија.
Спонзорите му плаќаат огромни суми за да ги промовираат своите производи, а тој исто така често оди на платени патувања низ светот и се вози во приватни луксузни авиони и автомобили и престојува во најскапите хотели за кои порано можел само да сонува.


Имено, Хасбула израснал во лоши услови во Дагестан, но неговиот живот целосно се променил пред околу една година, кога поради видео во кое имитира познат борец, го добил прекарот Мини Хабиб и стекнал популарност во ММА заедницата.
Новинарот Игор Лазарин тврди дека по потпишувањето на договор со УФЦ, Хасбул ќе заработи повеќе од многу борци на УФЦ. Очигледно Хасбула ќе има посебна задача во УФЦ и нема да се бори. Наводно во неговиот договор стои дека ќе биде присутен на сите настани на УФЦ и настапи меѓу борбите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …