Новопечениот двократен последователен светски шампион Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Мексико, пред дуото на Мерцедес, Расел и Хамилтон.
Иако поминаа неколку недели откако ја одбрани математичката титула, „гладот“ не го напушта Ферстапен. Прво за победи, а сега за пол-позиции. Го освои 19-от пол во кариерата и најави дека ќе брка уште една победа во Мексико.
За пол-позицијата мораше да вози под 1:18, што е единственото нешто што го направи викендов. На крајот ја запре стоперката на 1:17.775.
It’s POLE for @Max33Verstappen!
He takes his first pole in Mexico City 🤩
The Mercedes duo file in behind in P2 and P3#MexicoGP #F1 pic.twitter.com/LIoXaHzYaI
— Formula 1 (@F1) October 29, 2022
Честитки за Мерцедес кои беа одлични во саботата. Својата одлична форма ја потврдија и во квалификациите. Хамилтон беше најбрз во Q2, но на крајот мораше да се задоволи со третата позиција, 309 илјадити делови од секундата зад Верстапен, бидејќи тимскиот колега Џорџ Расел беше само пет илјадитинки побрз од него.
Ферари разочара со само петтото место (Саинс) и седмото (Леклер). Помеѓу нив беше Валтери Ботас во Алфа Таури, а топ 10 го заокружуваат Ландо Норис во Мекларен, Фернандо Алонсо во Алпино и неговиот тимски колега Естебан Окон.
Our final order from qualifying in Mexico!#MexicoGP #F1 pic.twitter.com/eu0AY7bfeC
— Formula 1 (@F1) October 29, 2022
Трката за Големата награда на Мексико можете да ја следите во живо на Спорт клуб 3 во недела во 21 часот.
Фото: Принтскрин/Twitter