Вероника е атрактивна русокоса која неодамна ги шокираше своите следбеници на TikTok кога објави видео во кое објаснува дека доживеала пех по естетска процедура. Вероника седела во авионот, а потоа доживеала шок – главата и „експлодирала“ по интервенција што ја имала во Турција, поточно станува збор за операцијата „мачкино око“.
-Бевме во авионот, беше ладно, па отидовме да спиеме бидејќи патуваме од два часот наутро, а јас се разбудив од силни болки. Сè болеше многу. Станав, отидов во тоалет и слушнав пукање и срцето ми чукаше забрзано – објаснила инфлуенсерката.
@polish_99
Still not over how gross it was
♬ Them Changes (Sped Up) – Thundercat
Таа објаснила дека решила да се оперира само неколку часа пред да полетаат со нејзиното момче. За време на естетската процедура, хирургот прави засек на надворешниот агол на очниот капак, ја пресекува тетивата, ја затегнува и ја влече во подигната положба, а потоа ја прицврстува со конци пред да го зашие засекот.
Меѓутоа, според неа, хирургот кој ја оперирал многу брзал, па заборавил да и ги даде документите кои покажуваат дека има лекарска дозвола да патува со авион. На Вероника не и било дозволено да се качи во авионот без соодветна проверка. Нејзината глава била во завои, се качила на летот, а потоа во еден момент слушнала дека нешто пука, тогаш знаела дека работите тргнале на лошо.
@polish_99 I have really tried to be as concise as possible but I am going to do a part 2 now, I won’t make you wait
– Резот зад увото ми пукна и беше доста гласен. Веднаш потоа почнав да чувствувам топла течност како ми тече низ вратот… очигледно беше крв – изјавила Вероника.
Таа открила и дека хирургот и поставил дрен зад увото за време на операцијата. Меѓутоа, течноста не излегла доволно, поради што кожата отекувала и најлонските конци на задниот дел од главата почнале да се кинат. Таа смета дека за целата ситуација придонел и притисокот во кабината на авионот.
– Кога пукна, целата течност излезе одеднаш – рекла таа.
Таа и нејзиното момче решиле да ги задржат завоите и марамчињата на главата за време на летот, се договориле да ја проценат штетата и да го контактираат нејзиниот хирург кога ќе слетаат.
– До крајот на летото имав страшни болки. Беше толку жешко, а целата течност течеше во марамчињата. Искрено, беше одвратно – откри таа.
@polish_99 Instagram – polish.99
Откако слетале, таа ја измила крвта од косата и направила неколку фотографии од „големите дупки“ во главата за да ги испрати кај својот лекар. Според неа, тој само и рекол да продолжи да го користи кремот со антибиотик.
– Но, следното утро се разбудив и резот беше заразен. Очигледно е дека станува збор за пукање на шиеното во авионот, не експлодира и не ми истече мозокот – напиша таа и им порачала на другите девојки: „Користете здрав разум“.
@polish_99 Omg I look so good in this🥰🥰
Постапката „мачкини очи“ е многу популарна и кај нас, особено меѓу популарните дами.
Фото: Принтскрин/TikTok