*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Ние сме во владеењето на Скорпијата, знак кој има малку неправедно лоша репутација. Луѓето се плашат од него затоа што го замислуваат како љубоморен, посесивен и одмаздољубив, но тој може да стане таков само ако биде изневерен или повреден. Доколку е задоволен во врската, Скорпијата е лојален и доверлив партнер со кој може да се постигне хармоничен однос. Еве неколку добри работи што треба да ги знаете:
Никогаш не го лажете
Тие се исклучително интелигентни, остроумни и имаат развиена интуиција, па можат да ве читаат како книга. Не обидувајте се да му кажете лага бидејќи веднаш ќе ја препознае по некој детал што сте го пропуштиле или по говорот на телото. Лагите и измамите ги смета за навреда за неговата интелигенција, па нема да може лесно да ги надмине.
Не го правете љубоморен
Скорпиите се посесивни и сакаат да знаат дека за партнерот се сè на светот. Не можат да ја поднесат мислата дека нивната сакана личност гледа во некој друг, а камоли нешто повеќе. Кога е љубоморен, тоа целосно го обзема. Го обзема сомнеж, па во момент на слабост може да почне да го пребарува мобилниот на партнерот или да го демне на социјалните мрежи. Ова може да се избегне ако му докажете дека може да ви верува.
Не му поставувајте премногу прашања
Овие луѓе исклучително ја ценат својата приватност, затоа не им поставувајте премногу прашања. Тие тоа можат да го сметаат за напад врз себе и нивната приватност. Скорпијата има малку двојни стандарди затоа што мора да знае сè за вас, но тој дава детали за своите мисли, чувства или минато на капка.
Погрижете се да ја задржите искрата во врската
За нив се смета дека се опседнати со секс и веројатно има одредена вистина во тоа. Скорпијата не може да биде задоволна ако страста ја нема во врската, па најчесто ја напуштаат таквата врска или бараат возбуда од страна. Среќната Скорпија е онаа која има возбудлив сексуален живот, затоа обидете се да ја одржите искрата жива.
Дајте и доволно мир и време за себе
Скорпиите по природа се интровертни на кои им треба време на мир и осаменост за да ги наполнат батериите. Сакаат да бидат долго време сами со своите мисли и хоби. Не се обидувајте да му ги одземете тие моменти или да го натерате да се чувствува виновен што ужива во својата осаменост, туку прифатете ја како дел од неговата личност.
И дополнителен совет на крајот – ако имате Скорпија во животот, покажете му дека го сакате и дека може да ви верува. Тие можат да бидат најдобри партнери ако се чувствуваат безбедно и сакано, но и најлоши ако се чувствуваат неценети и запоставени. Со Скорпиите никогаш ништо не е половично, но веројатно затоа врската со нив е толку возбудлива.