Долгоочекуваните мемоари на војводата од Сасекс ќе бидат објавени во јануари, објави денеска издавачот Penguin Random House. Сепак, најмногу внимание привлече насловот на книгата „Spare“ (во превод резерва).
Во соопштението се открива дека мемоарите на принцот Хари, кои првпат беа најавени минатата година, ќе се викаат „Spare“.
Во описот на книгата, која е достапна за претходна нарачка за 28 фунти, се вели: „Тоа беше една од најтрогателните слики на 20 век: две момчиња, два принца, шетаат зад ковчегот на нивната мајка додека светот гледа со тага – и со ужас. Додека Дијана, принцезата од Велс, беше погребана, милијарди се прашуваа што мислат и чувствуваат принцовите – и како ќе се одвиваат нивните животи од тој момент натаму. За Хари, ова е конечно таа приказна“.
„Со својата сурова, непоколеблива искреност, „Spare“ е значајна публикација полна со увид, откровение, самоиспитување и тешко стекната мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата“, се додава.
И покрај објавувањето на засега непознати детали од животот на принцот, она што најмногу ја заинтригира јавноста е самиот наслов на книгата, а многумина решија да ја коментираат на социјалните мрежи.
We are excited to announce the remarkably personal and emotionally powerful story of Prince Harry, The Duke of Sussex.
SPARE, the highly anticipated #PrinceHarryMemoir, will be published on January 10, 2023. Learn more at https://t.co/L0I4CT4flH pic.twitter.com/iqdBjBwkWE
— Random House Group (@randomhouse) October 27, 2022
Изгледа дека името е игра на англискиот збор „heir and spare“ што значи наследник и резервен, кој често се користи за децата на оние кои се директно во линијата за британскиот престол.
Бидејќи Вилијам, принцот од Велс, стана наследник кога се роди, принцот Хари, како негов помлад брат, беше назначен како „резерва“.
View this post on Instagram
„Дали принцот Хари самошто ги именувал своите мемоари ‘Spare’? Ова ќе биде добро“, предвидел еден корисник. Друг сугерирал дека Хари намерно употребил збор што бил „замислен како навреда“.
„Дури и насловот доволно зборува за тоа како тој се чувствува дека го третирале“, рекол друг.
Хари и војвотката од Сасекс се повлекоа код местото постари членови на кралското семејство на почетокот на 2020 година.
Фото: Принтскрин/Instagram