Познатата адвокатка и една од најубавите жени на светот, Амал Клуни, исто така е ѕвезда на социјалните мрежи, а видеата со неа во главната улога се проследени со широк спектар на коментари – од љубов до омраза.
Во последните месеци Амал Клуни го придружуваше својот сопруг Џорџ Клуни на промоциите на филмот „Билет за рајот“ во кој тој ја игра главната улога покрај Џулија Робертс. На еден од тие настани таа носела фустан од Версаче. Цел тим на луѓе е одговорен за нејзиниот изглед, тогаш и секој пат впрочем.
View this post on Instagram
На Инстаграм можете да видите како ја дотеруваат пред излегување на црвениот тепих. „Премногу шминка“, коментираат многумина, додека меѓу коментарите преовладуваат следните реакции: „Преслаба е, нахрани ја“, „Нека изеде хамбургер“.
Вниманието на љубителите на шминката дефинитивно го привлече еден детаљ, кој тие го истакнаа: „Не. Шминката под очите изгледа чудно, премногу бела“.
„Таа има и убавина и интелигенција“, велат тие, веројатно свесни за предрасудите за поврзаноста на изгледот и интелигенцијата кај жените.
Сè на сè, видеата со Амал Клуни во главната улога предизвикуваат шок, било да е тоа позитивно или негативно.
View this post on Instagram
Некои ја споредуваат Амал Клуни со познатата оперска пејачка Марија Калас, а покрај коментарот за нејзиниот изглед, намета е и критиката за нејзиниот однос со Џорџ Клуни, кој безброј пати на црвениот тепих покажува наклоност (благо кажано) кон својата сопруга.
View this post on Instagram
„Само го гледам овој говор на телото, тој кажува многу“, „Погледнете ги нивните раце! Толку ладно“, начинот на кој Клуниеви се држеа за раце им привлече внимание на некои. Дали навистина има проблеми во рајот?
Ова не е првпат да се зборува за наводни проблеми во бракот на Амал и Џорџ Клуни, кои се венчаа во 2016. година во Венеција. Сепак, нема конкретни докази за тоа. И неговите јавни изливи на љубов во изобилство… па што ви е вам поубедливо, наводно проблематичниот говор на телото или повеќе или помалку убедливото јавно покажување на емоции?
Да потсетиме, познатиот брачен пар пред пет години ги доби близнаците Ела и Александар.
Фото: Принтскрин/Instagram