(РЕЦЕПТ) Може да го намали зголеменото чувство на глад и да го забрза метаболизмот: Чајот од цимет има фантастични ефекти, но само ако се подготвува на одреден начин

Сезона е на јадење појака храна, а чајот со цимет може да ви помогне да не се здебелите…
За да изгубите на тежина, треба да ја промените исхраната и да додадете физичка активност. Драстичното слабеење за краток временски период воопшто не е здраво. Процесот на слабеење може да го забрза чајот од цимет кој благотворно делува на топење на вишокот килограми.
Дополнително, за да избегнете прејадување во текот на зимските денови, можете да започнете со консумирање чај од цимет, кој може да го намали зголеменото чувство на глад.
Едно истражување спроведено во 2012 година покажало дека циметот позитивно влијае на зајакнување на имунитетот, го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, може да ја подобри циркулацијата и да го намали апетитот.

This image has an empty alt attribute; its file name is cimet.jpg


Состојки:
– чаша вода
– една лажичка мед
– 1 стапче цимет
– сок од половина исцеден лимон
Ставете го стапчето цимет во водата и почекајте да зоврие. Потоа истурете го исцедениот лимон и додадете мед кога водата малку ќе се олади. За уште поголема ефикасност, можете да додадете ѓумбир или бибер.
Најдобро е да се консумира по една шолја од овој чај на ден наутро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО МУДРИТЕ ЛУЃЕ СЕ ОДНЕСУВААТ КОН ЛИЦА КОИ НЕ ИМ СЕ ДОПАЃААТ: Што треба да кажете и да направите за да се заштитите?

Ви претставуваме техники – што да кажете ако ве нервираат, како да постапувате на работа? …