ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД – Пуштањето седа коса има бројни придобивки

Решението да ја прифатите вашата седа коса може да ви заштеди пари
Правилната нега на косата бара доживотно учење, од изборот на вистинскиот шампон, регенератор и маска за коса до тоа колку често треба да ја потстрижувате и бојадисувате косата.
Се чини дека на секои неколку години нашите прамени минуваат низ голема промена, без разлика дали станува збор за пубертет, бременост или природен процес на стареење. Но, една од најнепријатните транзиции е кога сивите почнуваат да растат побрзо отколку што можеме да ги обоиме, а се чини како да бевме во салонот пред две недели.


Во тој момент најприродно е да се запрашате – дали да престанам да ја фарбам косата? Седата коса не е најлошото нешто што може да ви се случи. Всушност, има многу придобивки ако ја оставите вашата коса да побелее, а штом ќе дознаете за нив, ќе мора двапати да размислите дали некогаш повторно да ја обоите косата.

View this post on Instagram

A post shared by Carla Martin (@silvergirlmx)


Косата ќе ви биде поздрава
Ако престанете да ја бојадисувате косата, таа ќе стане поздрава. Само размислете што се случува кога ја бојадисувате – нанесувањето на бојата ги подигнува заштитните протеини на косата, така што хемикалиите можат да навлезат во праменот и да ја променат неговата боја. Иако ова може да резултира со посветла нијанса, ја ослабува косата, што може да предизвика кршливост, сувост и севкупно проретчување.
Ова особено се однесува на боење на сивата коса, која сама по себе е веќе кревка. Така, ако престанете да ја боите, веројатно ќе забележите колку вашата коса е поздрава и колку подобро изгледа.



Ќе заштедите многу пари
Решението да ја прифатите вашата седа коса може да ви заштеди пари. Без разлика дали секој месец одите во салон или сами ја фарбате косата дома, на овој начин ќе заштедите многу пари, а исто така повеќе нема да ви требаат скапи маски за коса, масла и шампони за заштита на боја кои често и се потребни на обоената коса за да го зачува својот сјај.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – 300 ПРЕЉУБНИЦИ ГИ ОТКРИЛЕ ПОМОЛНИТЕ ТРИКОВИ СИ КОИ ЈА КАМУФЛИРААТ ИЗМАМАТА: ОВИЕ ДВЕ СТРАТЕГИИ НАЈЧЕСТО ГИ КОРИСТАТ! Една е ТЕШКО да се забележи!

Можеби не сте свесни за тоа, но аферите и изневерувањето во врските и браковите се …