Покрај музиката, 1990-тите дефинитивно ги одбележаа латиноамериканските серии. Луѓето обожаваа да ги гледаат, се поистоветуваа со ликовите, а некои дури и плачеа.
Тажните сцени и животи во серијата ги потсетуваа луѓето на своите, а кога ќе се случат некои тажни работи, за нив ќе се зборува со денови. Една од омилените серии од овој период беше „Есмералда“, поради која многумина ја преживеаја вистинската драма, која ја интерпретираше мексиканската актерка Лети Калдерон.
Есмералда беше млада и убава сиромашна девојка родена слепа, а до последната епизода сите чекаа само едно, дали ќе прогледа. Лети Калдерон, иако важеше за една од најубавите латиноамерикански актерки, денес не личи на онаа слепа девојка од серијата.
View this post on Instagram
Во 1997. година се омажи за Марко Лопез, но по две години се разведоа. Потоа го запознала Хуан Кољадо со кого застанала пред олтарот во 2003. година и со кого ги има синовите Лусијано и Карло.
Фото: Принтскрин/YouTube