*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои хороскопски знаци се издвојуваат од другите со отфрлање на воспоставените општествени норми. Тие се родени бунтовници…
Водолија
Водолиите се најголемите бунтовници во Зодијакот кои имаат цврсти ставови и не се плашат од авторитет. Ако мислат дека некое правило е неправедно, ќе направат се за да го променат. Секогаш се расположени да започнат револуција. Нивниот владетел е Уран – планетата на радикални промени и не се плашат од кршење на воспоставените норми.
Овен
Не е ни чудо што импулсивните Овни се толку бунтовни. Со овој знак владее Марс – планетата на акцијата и тие не можат да одолеат на борба. Ако некој им каже дека не можат да направат нешто, тие ќе го направат тоа од инает. Тие не поднесуваат никакви забрани и ограничувања. Во нивната природа е да го доведуваат во прашање авторитетот и да ги следат само нивните инстинкти. Тие ќе се спротивстават на секој што ќе се обиде да ги контролира.
Стрелец
Не е реално да се очекува Стрелецот да биде поддржувач на востановената традиција. Тие по природа се авантуристи, па затоа најважно им е секогаш да бидат слободни и никој да не ги задржува. Ако предолго ги следат правилата, животот им станува монотон и потоа се чувствуваат заробени, што многу ги излудува. Имаат див карактер и секогаш се подготвени да се побунат.