(ВИДЕО) „Имав чувство на СРАМ во стомакот“: Првата РАБОТА на Меган Маркл и била ноќен кошмар

Познато е дека Меган Маркл се занимавала со глума пред да се омажи за принцот Хари. Актерките обично треба да поминат низ тежок пат за да изградат успешна кариера, така било и со Меган.
Холивудската слава не и паднала од небо, па пред да докаже дека е талентирана актерка, морала да се занимава со работа од која не била задоволна.
Тоа било квизот „Deal or no deal“. Во квизот, натпреварувачите отвораат куфери кои се во рацете на убави девојки. Една од нив била Меган. Во тие моменти се чувствувала лошо бидејќи единствената работа и била да биде убава и насмеана.
„Бев благодарна што ми беше дадена можност да работам во квизот, но ме третираа како будала. Сите гледаа само како изгледаат девојките, дали се жешки, насмеани, само тоа е важно”, изјавил Меган за концептот на квизот.


Таа била благодарна што и била дадена можност да заработи, но цело време таа имала чувство на срам во стомакот.
„Се чувствував објективизирана. Бев стереотипизиран, можеби е убава, можеби е курва, можеби е глупава… Цело време бев опкружена со неверојатно паметни жени на сцената, но фокусот беше на тоа како изгледаме. Не сакав да бидам таму и тоа остави чувство на срам во мојот стомак. Повторувам, бев благодарна што имав можност да работам и да заработам пари, но сето тоа ме натера да се чувствувам глупаво“, признала еднаш Маган.

Фото: Принтскрин/YouTube – Game Show Network


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осум здравствени придобивки од ПРЕСТОЈ ВО ТИШИНА: Најдете време за себе

Општо познато е дека бучавата не влијае добро на луѓето, но што е со тишината? …