Линда Евангелиста беше една од најубавите жени на сите времиња. Нема моден бренд за кој не работела, ниту насловна страница на списание на која не била. Таа беше дел од познатата „петорка“ заедно со Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон, а како што еднаш признала и самата, не станувала од кревет за помалку од 10.000 долари.
Сепак, многумина не знаат дека за нејзиниот успех е заслужен само еден маж, со чија помош постигнала светска слава, пари и моќ во кои подоцна уживала. Тоа е Џералд Мари, поранешниот шеф на познатата париска модна агенција Ellite Models. Тој е одговорен за создавањето на славната петорка, а кариерата на Линда цветаше за време на нивниот брак.
View this post on Instagram
Меѓутоа, зад насмеаниот лик се крие чудовиште кое малтретирало и силувало девојки, а за сè првпат се зборуваше пред две години, кога во јавноста излегоа бројни жртви, меѓу кои и манекенката Каре Отис и ги открија ужасните детали од злоставувањето кое го трпеле со години.
Линда Евангелиста тврдела дека не знаела ништо за тоа, и дека нејзиниот поранешен сопруг никогаш не бил насилен кон неа. Сепак, таа застана на страна на жените кои решија да проговорат и ги поддржа.
Своите жртви ги избирал стратешки
Џералд наводно намерно земал девојки од далечни земји. Така, на пример, Канаѓанката Венди Волш, тогаш 17-годишна, отпатувала со својата мајка од Торонто во Париз на аудиција во агенцијата Paris Planning. На ручекот и ветил на мајка и дека ќе биде ангел чувар на нејзината ќерка и ќе и ги отвори вратите на модните писти и списанија. Но, неговиот сладок разговор бил маска на сексуален предатор, чие однесување во модните кругови изгледа беше јавна тајна.
Џералд Мари беше основач на агенцијата Ellite.
– Ми кажа дека за мојата кариера би било добро да се појавувам на гламурозни приватни забави на богатите, каде што сите биле пијани и под наркотици. Кокаинот беше насекаде, а моделите беа младо месо за забава на постарите мажи – изјавила Венди Волш, која Мари ја силувал во нејзиниот стан, каде што се сретнале на, како што рекла, деловен состанок.
View this post on Instagram
– Не сакав да го налутам, бидејќи тој човек беше бог во светот на модата, мојата кариера зависеше од неговиот збор. Затоа, кога ја турна раката во моите гаќи, му реков да престане бидејќи не користам контрацепција, а потоа ме сврте, ми ја закопа главата во перницата и ме силуваше анално додека липав од болка – рекла таа. Повторното сретнување со неа за неколку дена во агенцијата било дополнително понижување, бидејќи Мари во разговор со машкиот колега покажувал со прст кон неа и гласно се смеел.