Подгответе го вашето тело за јака храна: 10 намирници за ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Овие намирници ќе ви помогнат да го исчистите и регенерирате црниот дроб и да го вратите неговото здраво функционирање
Здравјето на целиот организам зависи од редовното чистење на организмот од токсините, кои се таложат во организмот и се закануваат да ја забават работата на органите неопходни за нормално функционирање. Внесуваме токсини под влијание на надворешната средина, преку јадење нездрава храна, хемикалии и преработена храна. Првите чекори во заштитата на организмот од токсините, кои остануваат најпрво во црниот дроб и предизвикуваат најтешки заболувања на овој орган, се редовната детоксикација со комбинација од избрани намирници и пијалоци кои придонесуваат за зајакнување на здравјето на црниот дроб, а потоа целото тело.

Овие намирници ќе ви помогнат да го исчистите и регенерирате црниот дроб и да го вратите неговото здраво функционирање.


1. Јаболки
Јаболките се богати со пектин, кој му помага на телото да се исчисти и да ги ослободи токсините од дигестивниот тракт.

2. Авокадо
Авокадото е богато со важни состојки кои играат клучна улога во намалувањето на оштетувањето на црниот дроб.


3. Цвекло
Цвеклото е богато со бета каротин и растителни флавоноиди, кои помагаат во стимулирање и подобрување на функциите на црниот дроб.

4. Лук
Лукот ги активира ензимите во црниот дроб и помага да се елиминираат токсините од целото тело.


5. Грејпфрут
Грејпфрутот е добар извор на витамин Ц, антиоксиданси и пектин.

6. Зелен чај
Зелениот чај помага во отстранување на токсините и складираните масти од телото, а ја зголемува и хидратацијата на телото. За важноста на зелениот чај пишувавме во еден од претходните написи, прочитајте сè за зелениот чај овде.

7. Зелен зеленчук
Зелениот зеленчук го поттикнува создавањето и нормалниот проток на жолчен сок, кој помага да се отстранат отпадните материи и вишокот холестерол од телото.

8. Лимон
Лимонот го чисти црниот дроб и е полн со антиоксиданси. Препорачуваме утрото да го започнете со чаша млака вода со сок од половина лимон. На овој начин го чистите и го забрзувате целиот метаболизам.

9. Кромид
Кромидот е богат со алицин и помага да се исфрлат токсините од црниот дроб и дигестивниот тракт.

10. Ореви
Оревите се богати со омега 3 масни киселини, аминокиселина аргинин и глутатион, кои го поддржуваат нормалното функционирање на црниот дроб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Британските лекари советуваат: Доколку имате проблеми со кардиоваскуларниот систем, внимавајте на внесувањето на суво овошје

Треба да внимавате ако имате проблеми со срцето Кардиоваскуларните болести го заземаат неславното прво место …