Лепа Брена работи напорно и многу настапува, а здравјето и трпи.
Лепа Брена веќе 17 години се бори со тромбозата која успешно ја држела под контрола. Летово одржала голем број концерти, а неодамна го промовираше и својот бренд на чорапи. Меѓутоа, сега една од најголемите музички ѕвезди на Балканот се сомнева дека болеста и се вратила.
View this post on Instagram
Брена е позната и како личност која многу се грижи за своето здравје и исхрана, а на 61 година има совршено витка линија и изгледа многу младешки. И’ покрај тоа, таа во последните години се соочува со сериозни здравствени проблеми.
-Боба беше многу вознемирен кога Брена му кажа дека се сомнева дека тромбозата се вратила. Веднаш го повикал докторот кој ја оперирал и закажал нов преглед. На Брена и рекол дека не смее да чека ниту ден и дека мора што поскоро да направи преглед бидејќи не би издржал да ја изгуби – вели извор близок до семејството.
View this post on Instagram
Сите се свесни дека тромбозата е многу подмолна болест, па затоа е неопходно да се биде внимателен.
– Свесен е дека тромбозата е тешка болест и дека до сега успевала да ја држи под контрола, но тоа е подмолна болест. Нов тромб може да се формира за секунда и да предизвика хаос. За неа многу се исплашил и синот Виктор – заклучува изворот.
Што е тромбоза, а што тромб?
Згрутчувањето на крвта во шуплината на крвните садови, што резултира со блокирање на крвните садови, се нарекува тромбоза. Формацијата, односно згрутчувањето на крвта што се создава со процесот на тромбоза, е тромб. Тромби може да се појават и во артериите и во вените. Тие се најчести во длабоките вени.
Кои се симптомите?
Нема посебни знаци за препознавање, но има симптоми карактеристични за одредено место каде што има згрутчување на крвта.
Згрутчување на крвта во срцето – придружено со болка во градите, забрзано дишење, малаксалост, мачнина.
Згрутчување во мозокот – предизвикува слабост во рацете и нозете, проблеми со видот, отежнато зборување, главоболки, несвестица.
Згрутчување на крвта во белите дробови – придружено со остра болка во градите, отежнато дишење, забрзан пулс, потење.
Тромб во рацете или нозете – се јавува ненадејна или постепена болка, оток, осетливост.
Тромб во стомакот – предизвикува интензивна болка, повраќање, дијареа.
Фото: Принтскрин/Instagram