(ВИДЕО+ФОТО) Роби Колтрејн заработил милиони а живеел скромно во штала на рид и никогаш не излегувал надвор

Тажната вест за смртта на актерот Роби Колтрејн, кој го толкуваше ликот на Хагрид во филмовите за Хари Потер, го обиколи светот. Сепак, се чинеше дека неговиот приватен живот не се разликувал многу од оној што го имаше во Хари Потер.
Во соопштението, неговата агентка Белинда Рајт потврди дека актерот починал на 73-годишна возраст во болница во близина на Фалкирк, Шкотска. Зад себе остави две деца, Алис и Спенсер, како и нивната мајка Рона Гемел и сестрата Ени Реј.

This image has an empty alt attribute; its file name is div-od-hari-poter-1.png


И’ по славата, тој остана скромен
Колтрејн, и покрај големата слава што му ја донесе улогата, секогаш останал приземјен. И откако заработил милиони, тој продолжил да живее во истата изнајмена преуредена штала во ридовите западно од индустрискиот Глазгов, која ја плаќал 1.000 фунти месечно.
Сопственикот на просторот, Ендрју Едмонтон, проговорил за тоа како Роби целосно се повлекол од јавниот живот и дека речиси никогаш не ја напуштал својата куќа.
Наводно секој ден нарачувал храна за носење од блискиот ресторан, а тоа го потврдил и нивниот анонимен вработен.
„Роби постојано доаѓаше, но потоа почнавме да му доставуваме“.

This image has an empty alt attribute; its file name is robi-koltrejn-jpg.jpg


Децата го убедувале да го игра Хагрид
Роден како Етони Роберт Мекмилан во Ратерглен на 30. март 1950. година, Колтрејн бил син на учителката и пијанистка Џин Рос и лекарот по општа пракса, Иан Бакстер Мекмилан.
Се школувал во независното училиште „Гленалмонд колеџ“ во Перт и Кинрос. Дури во неговите 20-ти почнал да глуми, што го поттикнало да го земе уметничкото име Колтрејн како почит на џез-саксофонистот Џон Колтрејн.
По работата во театарот, тој добил улога во хумористичната серија на БиБиСи „A Kick Up The Eighties“ и глумел во филмовите „The Comic Strip Presents The Supergrass“ и „The Pope Must Die“.

This image has an empty alt attribute; its file name is div-od-hari-poter.jpg
Но, дури во неговата улога како руски криминален бос во филмовите за Бонд станал меѓународно познат.
Ова го довело до улогата на Хагрид во Хари Потер, за која бил избран лично од авторката Џ.К. Роулинг.
Се вели дека актерот се согласил на улогата на џинот затоа што го убедувале неговите деца.


„Јас нема да бидам тука, но Хагрид ќе биде“
По пауза од телевизијата, тој се вратил на екраните во 2016 година во серијата „National Treasure“, каде глумеше комичар обвинет за силување на 15-годишно девојче.
Во подоцнежните години тој се појавуваше поретко на филм и телевизија, но минатата година пристигна во инвалидска количка за специјалното одбележување на 20-годишнината од Хари Потер.

This image has an empty alt attribute; its file name is div-od-hari-poter-2.jpg
„Наследството на филмовите е дека генерациите на моите деца ќе им ги покаже на своите деца, за да можат да ги гледаат по 50 години без проблем“, рекол тогаш тој.
„За жал, јас нема да бидам тука тогаш… но Хагрид ќе биде“, заклучил.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …