(ВИДЕО) Зоран Цветковиќ: „Кустурица е ноншалантен, а со Моника Белучи се промашивме на сет…“

Зоран Цветковиќ е арт-директор во белградското „Кратер студио” за создавање визуелни ефекти во филмови и серии. Тој досега работел на филмски проекти што се прикажуваат во Холивуд, но и соработувал со балкански режисери и актери.

This image has an empty alt attribute; its file name is zoran-cvetkovic.jpg


Во неговото професионално портфолио е и соработката со познатиот српски режисер Емир Кустурица за филмот „Млечниот пат” од 2016 година. Го опишува како спонтан и ноншалантен уметник. На прашањето како оди соработка на нивното студио со светската филмската продукција вели:

„Генерално, продукцијата се јавува во студиото, од нас бараат понуда за визуелните ефекти, ние ја даваме, тие нѐ ангажираат. Одиме на сет, правиме супервизија и одиме на снимањето на сегментот што ние треба да го работиме. Конкретно, во тој филм заменувавме заднина. Односно, Кустурица глумеше во филмот. Сцената беше снимена на зелена заднина, а ние го заменивме кањонот”, рече Зоран Цветковиќ за „Репортер”.


Одењето на филмски сет не го обожава многу, па затоа најчесто праќа други колеги. Но, токму тоа е местото каде што може да се сретне со познати актери, кинематографи и режисери. Со актерката Моника Белучи, вели Зоран, се промашивме на сет.

This image has an empty alt attribute; its file name is zoran-cvetkovic-2.jpg


Цветковиќ беше дел од екипата што работеше на виртуелно оживување преку анимација во реклама на битолското чупе од тетрапак-пакувањето на млекото на „Битолската млекарница”.

„Тоа беше тимска работа со маркетинг-агенцијата ЕПП, не бевме многу луѓе што ја стилизираа оваа анимација како за анимиран филм. Соработката одеше супер. Добивате сценарио, концепт, но сепак е тимска работа, јас бев инволвиран во делот за анимација”, раскажа Цветковиќ.

Зоран вели дека важно за оваа професија е што не е само за визуелни ефекти за филмови и серии, туку е тесно поврзана и со создавањето видеоигри. Алатките што почнал да ги изучува на факултетските денови, како 3Д, 3Д-моделирање, „Фотошоп”, почнал практично да ги применува и, како што самиот вели, да го надградува занаетот.

„Младите имаат интерес за оваа професија. Алатките што се користат за визуелни ефекти во филмовите се истите што се користат и во производство на игри. Младите сѐ повеќе одат во таа насока”, рече арт-директорот

.This image has an empty alt attribute; its file name is zoran-cvetkovic-3.jpg

Временската рамка за изработка на визуелни ефекти за еден филм зависи од потребите и категоријата за која треба да се изработи бидејќи има разни потреби – замена на заднина, анимација на фотореални животни или суштества.

На прашањето, пак, што мисли за македонските филмови и дали сака да изгледа добар домашен филм, вели: Го сакам оној дел во кој се чувствува балканскиот дух, на пример, омилен ми е „Самоуништување” со Јовица Михајловски како чичко Кумплук. Тоа е оној наш карактеристичен хумор, балкански. Ми се допадна и филмот „Сестри”, рече Цветковиќ.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …