„Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува „Евросонг 2023“. МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале…
Македонската Радио Телевизија ја информира јавноста за донесената одлука, идната година да не учествува на Изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи во Обединетото Кралство. Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи ги предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, коишто зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемената котизација за самото учество на „Евросонг 2023“, којашто до минатата година изнесуваше 39.143,00 евра, а идната година се очекува да биде повисока. Оваа одлука ќе овозможи заштеда на средства коишто би требало да бидат издвоени за престојот на македонската делегација во Ливерпул, кадешто се одржува ‘Евросонг 2023’“, објавија денес на веб страната на МРТ.
Но, МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале. МРТ се надева дека состојбата ќе се стабилизира, по што земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година.
ММС побарале официјална информација од директорот Марјан Цветковски, кој потврдил дека, за прв пат по осамостојувањето Македонија нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.
-Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.
Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување.
Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.
Ова е прв пат сами да се откажеме.
Да потсетиме по скандалот со фрлањето на македонското знаме на земја од страна на Андреа за да се фотографира се огласија и од МРТ:
„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот ‘Евровизија’ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, посочија од државната телевизија.
Иако во тој период, после скандалот јавноста бараше Андреа да биде повлечена од Евровизија од МРТ се огласија со опширно известување од седницата на Програмскиот совет, но беше нагласено дека повлекувањето на Андреа би повлекло големи санкции за МРТ од страна на ЕБУ.
Претставувањето на Андреа почнува од 55:40 минута во видеото.
Најтажно е што од МРТ за своите неуспеси постојано „се вадат“ на некои причини. Изборот на македонските претставници, колку и тоа да делува транспарентно, најчесто се вршат во 4. очи, со договор. Со што се онезвозможува Македонија на ова музичко нетпреварување да ја претставуваат квалитетни и од народот избрани песни и изведувачи.
Срамно е МРТ која живее од народните пари да донесува такви одлуки без поголеми објаснувања…Ветувања милион а никаде не добивме информација за санкциите за учесниците на најголемиот скандал откако учествуваме на „Песна на Евровизија“.
Фото: Архива