Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, открил дека на неговото мени се наоѓа кравјо срце и црн дроб, што му помогнало да дојде во врвна форма и да стане незапирлив.
Поради неговите бизарни навики во исхраната, Норвежанецот во документарниот филм „Халанд: Големата одлука“ е спореден со Ханибал Лектор, морничавиот канибал кој беше портретиран од Ентони Хопкинс во филмот „Кога јагнињата паѓаат“ од 1991. година.
„Другите луѓе не го јадат ова, но јас се грижам за своето тело. Мислам дека најважно е да јадам квалитетна храна која се одгледува локално. Јадам срце и црн дроб”, изјавил Халанд, покажувајќи огромни парчиња срце и џигер од неговиот месар. Овие внатрешни органи се богати со витамин Б12 и фолати и изобилуваат со минерали како што се железо, магнезиум, селен и цинк, како и витамини А, Д, Е и К, како и протеини.
View this post on Instagram
22-годишникот јаде 6.000 калории дневно и пие само филтрирана вода.
„Првата работа што ја правам наутро е да оставам сончевата светлина да свети на мене. Тоа е добро за деноноќниот ритам. Исто така, почнав да ја филтрирам водата. Мислам дека може да има значителни придобивки за моето тело”, додал тој.
Фото: Принтскрин/Instagram